MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

ПАРОДОНТОЛОГИЈА

Пародонтопатијата претставува бактериска инфекција на непцата, коската и лигаментите кои им даваат поддршка на забите и ги прицврстуваат за виличната коска.Повеќе од половина од населението постаро до 18 години и 75% од населението до 35та година има некоја форма на пародонтопатија. Како почетна фаза се јавува гингивитот , при што доаѓа до инфекција на ткивото на непцата. Непцата стануваат црвени, натечени и лесно крварат. Коскените ткива кои лежат под непцата се сéуште вон опасност од инфекција. Доколку не се лекува преоѓа во периодонтит. Тој се јавува во повеќе фази: благ, умерен или тежок, во зависност од степенот на деструкција на непцата, лигаментите и коските околу забите. Со напредувањето на болеста непцата се одвојуваат од забите и се формираат џебови. Со текот на времето, во џебовите се таложат забни наслаги и плак со бактерии. Како што се уништува коската, така забите сé повеќе се олабавуваат. Фактори кои ја предизвикуваат пародонтопатијата се пушењето, збиеност на забите, трошење на забите (абразија или бруксизам), хормонски промени (вклучувајќи бременост, менструален циклус и менопауза), диети, крвни заболувања, диабетес и одредени видови лекарства.

ЛЕКУВАЊЕ И ЛАСЕРСКИ ТРЕТМАН

Во благите случаи на пародонтопатија помагаат секојдневните третмани за отстранување плак и орална хигиена. Тука спаѓаат: четкање на забите два пати во денот со паста за заби, чистење на забите со конец еднаш во денот, балансирана исхрана и редовни посети на стоматолошката ординација за професионално чистење на забите и прегледи.

Лекување Во благите случаи на пародонтопатија помагаат секојдневните третмани за отстранување плак и орална хигиена. Тука спаѓаат: четкање на забите два пати во денот со паста за заби, чистење на забите со конец еднаш во денот, балансирана исхрана и редовни посети на стоматолошката ординација за професионално чистење на забите и прегледи. Со киретажата и чистењето се отстранува плакот и другите наслаги (забен камен) од површината на забот, со посебни (рачни) инструменти. Современите стоматолози претпочитаат ултразвучна опрема за чистење на забите од наслаги.Тие користат вибрации за да ги отстранат тврдите наслаги и дамки на површината на забите. Тешките случаи на пародонтопатија подразбираат хируршки интервенција, за да се отстранат заболените делови на непцето и заболената коска.

Ласерски третман Главната предност на ласерскиот третман на заболувањата на непцето е тоа што е безболен и нема потреба од анестезија. Ласерот е попрецизен за хируршки третмани и поволен е за употреба, бидејќи ја коагулира крвта, т.е. го намалува или попречува крварењето при зафатот. При третман на заболувања на непцето (вклучувајќи и периодонтални џебови), ласерот ефикасно ги уништува бактериските микроорганизми кои ослободуваат токсини одговорни за пародонтопатијата.Периодот на заздравување и постоперативните непријатности се навистина помали во споредба со оние кај традиционалните методи на лекување

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: