MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

ЛАСЕРСКО БЕЛЕЊЕ НА ЗАБИТЕ

Ласерското белење на забите е најновата технологија што ја воведовме во нашата пракса. Оваа техника е одличен начин да се добие прекрасна насмевка. Методот е брз, ефикасен и безболен. Процедурата може да се вклопи во редовните посети за проверка, кои се прават еднаш или два пати во годината и вообичаено трае приближно 1 час.

Предност е што е безболна и ги осветлува забите до 8 нијанси, во зависност од моменталната почетна нијанса. Процедурата на белење започнува со лесно измивање на устата, отстранување на плакот од линијата на непцето и апликација на специјален гел. Професионалниот гел е уникатен по тоа што содржи посебна хемикалија, која му овозможува на ласерот да го постигне максимумот во белењето на забите.

Во екстремни случаи е потребно повторување на третманот до неколку пати, поради длабоките дамки на забите кои се најчесто резултат од тетрациклин или други лекови кои влијаат на бојата на забите. На крајот на процедурата ќе добиете прибор за избелување на забите во домашни услови, за да ја зачувате новата, посветла нијанса на забите. Оваа техника е достапна само за пациентите во КРУНА МС!

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: