MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

ОРАЛНАТА ХИГИЕНА Е ГРИЖА ЗА ЦЕЛОКУПНОТО ЗДРАВЈЕ

Во усната празнина живеат околу 500 различни видови на микроорганизми. Континуираната орална хигиена треба да ги оневозможува сапрофитните бактерии(безопасните) да станат патогени ( опасни) по здравјето на усната празнина, усната слузокожа, јазикот, непцата и забите, како и грлото и крајниците. Нередовната и лоша орална хигиена во комбинација со секојдневната исхрана доведува до појава на дентален плак и кариес. Со зголемувањето на количината на плакот, расте и можноста од појава на кариес и лош здив.

Денталниот плак претставува леплива материја на површината на забот која во 1 см3 соджи околу 100 бактерии. Доколку забите не се чистат секојдневно и темелно, плакот тогаш почнува да ја напаѓа глеѓта на забите. Започнуваат да се формираат кредасто бели точки кои се првиот знак на појава на кариес. Со секојдневното четкање на забите, со употребата на забниот конец, интерденталните четкици и антисептичките водички за плакнење во комбинација со орален иригатор се отстранува денталниот плак. Ова е најефикасниот начин како да го отстраниме денталниот плак, а со тоа и да ги заштитиме нашите заби од појавата на кариес.

Избор на четкичка за заби:

Најпрво заборавете ги четкичките со тврди и средно тврди влакна. Користете само четкички со меки влакна и заоблени краеви, бидејќи тие најмалку можат да ја оштетат забната глеѓ. Исто така, поефикасни се оние со помали глави, бидејќи полесно и поефикасно ги чистат забите.

Избор на паста за четкање на забите:

На пазарот има многу пасти за заби. Правилниот избор е од голема важност, бидејќи пастата дополнително ги штити забите.

1. Одлучете се за пасти со додаток од флуорид, бидејќи истиот може да навлезе во забната глеѓ и да ја зајакне. На тој начин забите се повеќе отпорни на болестите. Овие пасти навистина добро ги чистат забите, го отстрануваат забниот каменец, а во исто време и ги зајакнуваат забите.

2. Пастите за заби со додаток од водичка за уста помагат при уништување на бактериите кои понекогаш остануваат на забите дури и после нивното четкање.

3. Пастите за заби со долготрајно дејство нудат неколкучасовна заштита на забите против забен каменец.

Најдобрата паста за заби ги содржи сите горенаведени карактеристики.

Избор на конец за чистење на забите:

Забниот конец можеме да го користиме секојдневно, во секоја прилика.Најдобро е да се користи после четкањето на забите со што се овозможува отстранување на остатоците од храната во интерденталните простори која со четкањето не сме можеле да ја отстраниме.

Антисептичките водички за плакење на устата, особено оние кои содржат органски аминофлоуриди се од посебна важност во заштитата од кариесот. Благодарение на нивната посебна хемиска структура, која го забрзува создравањето на заштитен слој околу забите, можеме да бидеме сигурни во добрата орална хигиена која ни нуди заштита од појавата на кариес на забите. Ефикасноста им се зголемува доколку се користат во комбинација со орален иригатор со можност силно да ја вбризгува течноста(вода и антисептична водичка) која овозможува да се отстрани денталниот плак и од најтешко достапните места во оралната празнина особено просторот меѓу забите.

автор на текстот:

Д-р Радмила Димовска, MSc, PhD

специјалист по ортодонција

Како Доктор кој прв дипломирал во својата генерација со највисок просек, специјалист по ортодонција, магистериум и докторат од областа на мултидисциплинарниот менаџмент на расцепите, објавени над 100 трудови, студиски престои и обуки низ целиот свет, навлегува и во тајните на anti-aging медицината...

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: