MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

Улогата на конецот за заби во чистењето и четкањето на забите

Стоматолозите препорачуваат чистење на забите со конец барем еднаш во денот. Истото се врши најчесто навечер, пред вечерното четкање на забите. Со конецот се чисти просторот помеѓу забите, при што забите се уште почисти отколку кога ги чистиме само со четкање. За чистење на забите со конец се користи тенок конец, кој што е најчесто обложен со восок и кој што се поставува во празнините помеѓу забите, а потоа се придвижува нежно напред-назад. Движењето се повторува доколку со првото движење не се исчистат сите наслаги помеѓу забите.

Фатете го конецот цврсто и нежно гребете ја површината на забот со нагорни и надолни хоризонтални движења. Доволно е само едно движење нагоре и едно надолу, бидејќи прекумерното чистење со конец може исто така да ги оштети забите. Крварењето на непцата е вообичаена појава на почетокот на оваа практика. Поради нечистотии и нивно не чистење, непцата често страдаат од мали инфекции. Овие воспаленија или инфекции се повлекуваат штом започнете со чистење на забите со конец, бидејќи на овој начин ги отстранувате наслагите кои што всушност го предизвикуваат крварењето на непцето. Доколку забите се навистина збиени, тие тешко се чистат со конец, бидејќи истиот се заглавува во малите процепи помеѓу забите. Стоматологот може да ви помогне и во овој случај. Доколку не сакате да ги чистите забите со конец, стоматологот можеби ќе ве посоветува да не користите конец. Но, доколку навистина сакате да ги чистите забите и на овој начин, стоматологот може нежно да ја иструга празнината помеѓу забите, за да може конецот полесно да минува меѓу нив. Не чистењето на просторот помеѓу забите е денес најголемата причина за заболувањата на забите, вклучувајќи ја и пародонтозата. Помислете на овој факт пред да се одлучите да не користите конец! Доколку користите конец кој што не е обложен со восок, истиот почесто ќе се заглавува помеѓу забите.

На пазарот има два вида производи за чистење на забите со конец.

1. Традиционален конец

Откинете околу 30 см и поголемиот дел од едниот крај намотајте го на прстот од едната рака, додека на прст од другата рака намотајте помал дел од другиот крај. Движете го конецот напред-назад, во правец надолу. Доколку конецот се извалка многу или, пак, се излиже, едноставно одмотајте конец од прстот каде претходно намотавте поголема должина конец. Искористениот и извалкан дел намотајте го на прстот од спротивната рака. Овој начин на чистење на забите со конец е помалку нетактичен и временски не економичен, но прилично ефикасен. После употреба, конецот се фрла во отпадок.

2. Постојат и посовремени средства за чистење на забите со помош на конец. Наречени се чепкалки со конец и ги има во две варијанти: а) чепкалка со конец која се фрла после една употреба. б) вид на чепкалка со конец која што има дршка како четкичка за заби и глава со конец. Главата со конецот се исфрла после употреба и заменува со нова. в) држач со конец кој се отстранува и заменува после секоја употреба.

Со овие помагала, забите се чистат со напред-назад движења на конецот помеѓу забите и слаби странични придвижувања, за да се извади конецот од просторот помеѓу забите. Конецот треба исто така внимателно да се придвижи и плитко под непцето од забот. Чепкалките или главите со конец се фрлаат после секоја употреба, како и конецот за рачно чистење на забите, за да се спречи ширење на бактериите кои можат да предизвикаат инфекција на устата за време на следното чистење со конец. Сепак, во пракса, стоматолозите сметаат дека шансите за една ваква инфекција се минимални и затоа препорачуваат доколку конецот е чист и во добра состојба после чистењето на забите, чепкалката или главата со конецот само да се измие и потоа може повторно да се употреби. Доколку празнината помеѓу забите е малку поголема, како во случај на периодонтална болест, забите се чистат и со четкичка за четкање на просторот помеѓу забите. Оваа четкичка личи на минијатурна четка за чистење на шишиња. Постојат три големини, а пациентите ја одбираат онаа која најмногу им одговара на процепот помеѓу забите. Четкичката се протнува во просторот помеѓу забите, на работ на непцето, а потоа се придвижува во правец надвор-внатре неколку пати по ред. На овој начин се чисти пределот кај работ на непцето, кој што тешко се чисти со конецот за заби.

автор на текстот:

Д-р Радмила Димовска, MSc, PhD

специјалист по ортодонција

Како Доктор кој прв дипломирал во својата генерација со највисок просек, специјалист по ортодонција, магистериум и докторат од областа на мултидисциплинарниот менаџмент на расцепите, објавени над 100 трудови, студиски престои и обуки низ целиот свет, навлегува и во тајните на anti-aging медицината...

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: