MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

Кариес кај млечните заби

Кариесот може да ги нападне забите веднаш штом тие никнат – најчесто кога детето ќе наполни шест месеци. Овој кариес се нарекува исто така и млечен ili cirkularen кариес. Во одредени случаи децата се соочуваат со тешки случаи на кариес, при што забите мора да се поправаат или извадат. Може да ги уништи забите и најчесто се јавува на предните заби, иако може да се јави и на другите заби.

Што го предизвикува овој кариес?

Кариес се јавува кога на бебето или детето ќе му се даде блага течност, а потоа устата нема да му се исчисти, при што истата ќе остане во устата подолг период. Многу благи течности предизвикуваат проблеми, вклучувајќи го млекото, вештачкото млеко (млекото за дохранување) и овошниот сок. Бактериите во устата се хранат од шеќерот од овие напивки. Потоа, произведуваат киселини кои ги напаѓаат забите. Секој пат кога детето пие вакви течности, киселина ги напаѓа забите во период од 20 минути или подолго. После многу вакви напади, може да се јави кариес.

Не е важно само што му давате на детето да пие, туку и колку често и во колкав период/времетраење. На детето не треба да му се дава шише со зашеќерена напивка повеќе пати во денот. Исто така, заспивање и спиење со шише, т.е. цуцла меѓу забите може да им наштети на забите.

Зошто млечните заби се толку важни?

Млечните заби се навистина важни. Децата имаат потреба од јаки и здрави заби за мелење на храната, зборување и убава насмевка. Млечните заби исто така го резервираат и одржуваат просторот во устата за постојаните заби. Доколку млечните заби се загубат премногу рано, соседните најчесто се поместуваат на нивното место во вилицата. Во овој случај, кога ќе дојде време да никнат постојаните заби, за нив нема доволно простор. На овој начин се јавуваат збиени или искривени заби.

Како да се спречи млечниот или циркуларниот кариес?

Понекогаш родителите не сфаќаат дека забите на детето се подложни на кариес уште од самото никнување. Додека да се забележи проблемот, може да е веќе доцна за спасување на забот. За успешно спречување на кариесот, следете ги нашите упатства:

После секое јадење/цицање, избришете ги непцата на бебето со чиста газа. Започнете со четкање на забите веднаш штом излезе и првиот заб. Чистете ги и масирајте непцата во пределот каде нема никнати заби. Започнете со користење конец за заби штом изникнат сите млечни заби – најчесто на возраст од 2 или 2½ години.

Не дозволувајте детето да заспие со шишенце полно со млеко, млеко за дохранување, овошен сок или зашеќерени напивки. Доколку детето има потреба од цуцла-лажливка во периодот помеѓу оброците, навечер или за време на пладневните преспивања, користете цуцла по препорака од докторот или стоматологот. Не давајте му на детето цуцла натопена во зашеќерена течност.

Не давајте му на детето да цица зашеќерена вода и газирани пијалаци.Доколку водата од водоводот не содржи флуор (супстанца која ја спречува појавата на кариесот), советувајте се со стоматологот на кој начин може да му дадете на детето додатно количество флуор. Започнете со редовни стоматолошки прегледи пред детето да наполни една година. Доколку мислите дека детето има проблеми со забите, посетете ја стоматолошката ординација што е можно побрзо.

автор на текстот:

Д-р Радмила Димовска, MSc, PhD

специјалист по ортодонција

Како Доктор кој прв дипломирал во својата генерација со највисок просек, специјалист по ортодонција, магистериум и докторат од областа на мултидисциплинарниот менаџмент на расцепите, објавени над 100 трудови, студиски престои и обуки низ целиот свет, навлегува и во тајните на anti-aging медицината...

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: