MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

БРУКСИЗАМ

Зборот бруксизам потекнува од грчкиот збор brychein што значи чкрипење со забите. Иако овој збор генерално кај поголемиот дел од популацијата не е доволно познат, сепак е многу полесен за користење отколку чкрипење или шкртање со забите.

Со бруксизмот се опфатени поголемиот дел од детската и возрасната популација, што во светски рамки опфаќа 50 до 95%. Обично се појавува ноќе и тој што чкрипи со забите дури и не свесен за оваа појава. Може да поминат и години пред индивидуата да свати дека има бруксизам.

Зошто се појавува?

Ова е најчесто поставуваното прашање кога се работи за бруксизмот, и немаме дефинитивен одговор. Се претпоставува дека е предизвикан од некој психолошки проблем, премногу работа, недоволен и неквалитетен сон, премногу грижи. Сето ова креира збир на негативна енергија која за време на сонот телото наоѓа начин како да ја канализира и исфрли, а тоа го прави токму преку чкрипењето на забите. Помал, но битен фактор за појавата на бруксизмот е недостатокот на калциум во организмот, неправилности во загризот, болки во темпоромандибуларниот зглоб и сл.

Чкрипењето на забите најчесто се јавува ноќе и многу од луѓето не се свесни за тоа. Најчесто го откриваат оние со кои спиете бидејќи тие се директните сведоци дека вие чкрипете со забите.

Сепак, показател дека некој има бруксизам е и постојаната долготрајна главоболка, болки во темпоромандибуларниот зглоб, абрадираните заби, честото пукање и испаѓање на пломбите, па дури и кршење на забите. Исто така може да се појави воспаление на непцата и осетливост на забите.

Како да се елиминира бруксизмот?

Бруксизмот сам по себе нема да исчезне. Затоа најдобро е да побарате совет и помош од нас, бидејќи ние можеме да:

Ви изработиме специјално апаратче кое се носи само ноќе додека се спие. Изработено е од специјален силикон и има за цел да ги прераспредели силите кои се јавуваат за да не се оштетат забите. Потребни се чести контроли кај нас. Имајте на ум дека треба да го користите секоја вечер! Ви препорачаме земање на доволно витамини од групата Б или едноставно пред спиење напијте се една голема чаша пиво. Ве советуваме, усните да ги држите затворени, а забите не. Само на тој начин ќе ги релаксирате мускулите на образот и Ќе си помогнете да не чкртате со забите.

Пациентите сами можат да си помогнат на следниот начин:

Да се тушираат со топла вода пред спиење која помага за привремено опуштање на мускулите и е превенција од чкртање со забите. Вежбајте! Само така ќе се ослободите од вишкот енергија и стресот- една од основните причини за појава на бруксизмот.

Ослободете се од стресот - посетете психолог или психијатар кој ќе ви помогне и на тој начин ќе престанете да чкртате со забите. Загрејте се! Едноставно со топла крпа или термофор затоплете ги мускулите на образот и загрејте ја вилицата за да ги релаксирате мускулите.

Масирајте се! доколку масажата помага за целото тело тогаш ќе ви помогне и за мускулите на вилицата. Одморете ги мускулите! престанете на кратко да џвакате тврди работи како на пр. тврдо месо, тврд леб, мастики, пуканки... Избегнувајте алкохол, кафе и цигари.

Сето ова може да ви помогне да си ја олесните болката во зглобот и да превземете контрола над бруксизмот пред да ги претворите своите заби во прашина.

автор на текстот:

Д-р Радмила Димовска, MSc, PhD

специјалист по ортодонција

Како Доктор кој прв дипломирал во својата генерација со највисок просек, специјалист по ортодонција, магистериум и докторат од областа на мултидисциплинарниот менаџмент на расцепите, објавени над 100 трудови, студиски престои и обуки низ целиот свет, навлегува и во тајните на anti-aging медицината...

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: