Почеток Профил Дејност Детски агол Персонал Ние во медиумите Занимливости Локација Контакт English

Занимливости

Славната насмевка на Том Круз

Насмевката на Том Круз е навистина славна. Но, кога Том неодамна ги одвел своите деца на стоматолог, стоматологот заклучил дека неговите заби треба да видат израмнети носејќи проѕирна порцеланска протеза.

Ортодонтот Франк Андолино од Менхетен му советувал на Том Круз да ги помести своите заби кон лево, така што средината на забите да се поклопи со средината на носот.

Бидејќи за тоа е потребно да се носи протеза повеќе од една година, за потребите на Том околу снимањето на новиот филм, истата ќе биде симната, а по завршувањето на филмот ќе биде повторно вратена на забите с’е до завршувањето на третманот.

превземено од "Cosmopolitan" 07.2002

 

 

 

Док Холидеј - Американска легенда

Џон Хенри Холидеј (1852-1887), насекаде познат како "Док" Холидеј, е најшироко познатиот стоматолог во американската историја. Тој бил тема на неколку играни филмови, голем број книги, написи и телевизиски емисии. Тој можеби не е толку познат надвор од САД, па намерата на овој натпис е да ја прошири неговата репутација како фасцинантна и енигматска индивидуа.


Док Холидеј е најпознат по учеството во судирот кај ОК Коралот, инцидент во кој тој, заедно со тројцата браќа Ерп - Вајат, Вирџил и Морган, кои биле чувари на законот во Тумбстон - Аризона, ја елиминирале бандата на криминални одметници. Док Холидеј и браќата Ерп поминале само со помали повреди. Случката била топ тема низ целата држава, а Док и браќата Ерп станале национални херои. На судењето тие биле ослободени бидејќи пукале во самоодбрана. Со години се тврдело дека ок убил повеќе од 40 луѓе, но потврдено е само за четворица и тоа во самоодбрана.

Џон Грифин "Док" Холидеј е роден во Грифин (1852), Џорџија во истакнато семејство. Татко му бил адвокат, плантажер и армиски офицер. Биографијата, напишана од негов потомок, ни открива дека бил роден со расцеп на устата и непцето, што било корегирано 1 година по раѓањето. Операцијата ја извршил др. Џон С. Холидеј, братучед на татко му, заедно со реноминираниот др. Крафорд В. Лонг од Атланта кој претходно го вовел етерот во хирургијата како целосен анестетик. Ова е можеби првата употреба на целосната анестезија кај корекцијата на расцепите.

Младиот Џон Хенри израснал во темпераментен и помалку див тинејџер. За да го зачува од незгоди татко му решил да го даде да учи стоматологија кога истовтремено се отворило и првото стоматолочко улилиште на универзитетот Пенсилванија. Тој станал одличен стоматолог. Златната коронка што како студент ја изработил кај едно 6-годишно девојче, траела се до нејзината смрт во 1967, кога имала 102 години.

За време на студирањето открил дека има туберколоза и веднаш по дипломирањето заминал во потоплите краеви надевајќи се дека ќе го подобри своето здравје. Иако неговиот доктор му предвидел само упте една година живот, тој преживеал упте петнаесет и умрел во ноември 1887.
Бидејќи татко му бил добро ситуиран човек, финасиите не биле проблем, иако не бил толку среќен кога разбрал дека неговите пари се трошат за исплата на коцкарски долгови, а не за набавка на стоматолошки материјали.Док Холидеј станал вешт коцкар, ја напуштил стоматологијата и и се препуштил на новата подоходовна професија.

Непријателската околина полна со беззаконие го ставило на постојана опасност да биде убиен од коцкарите кои изгубиле. Тој секогаш бил вооружен со пиштол и ножеви и често морал да ги употреби за да се спаси. Не убил никого без да биде нападнат. Поради туберколозата Док почнал рано да пие за да ја ублажи болката и да го скири мозокот. Иако тврдел дека му треба шише виски наутро за да се расони, никој од пријателите не се сеќава дека го видел пијан. Во секој случај алкохолот немал влијание ниту во коцкањето ниту во неговата прецизност во гаѓањето кое го откриле многу негови непријатели. После многу авантури Док заминал во санаториум во Глен Спрингс, Колорадо со веќе нарушено здравје.

Сведоците на неговата предсмртна постела раскажувале дека тој повеќе сакал да умре во кревет со боси нозе, отколку во чизми од куршум. Ја побарал последната чаша виски, ја испил и умрел со зборовите "Ова е смешно". Умрел на 35-годишна возраст и бил закопан на локалните гробишта. Во интервјуто во 1986, Вајат Ерп за Док Холидеј го рекол следново:

"Док беше стоматолог кого потребата го направи коцкар, џентлемен кого болеста го направи вагабонд, филозоф кого животот го направи духовит, висок слаб човек со сиво-права коса. Умрен од туберколоза, истовремено највешт коцкар, но и најбрз и најсмртоносен човек со пиштол што некогаш сум го познавал."

 

Во Лондон промовиран ИНТЕРНЕТ СТОМАТОЛОГ

Еден Лондонски стоматолог одлучил на своите пациенти даим понуди необичен начин на преглед - по пат на интернет. Имено, Џери Вотсон ги прегледувал забите на своите пациенти со помош на веб камера и на тој начин проценувал дали тие имаат потреба да дојдат во неговата клиника. Вотсон, кој оваа година планира да ја прошири својата клиника “ Теетх Палаце “ на повеќе од 20.000 интернет корисници, истакнал дека ова ќе му помогне истовремено да ги прегеледува пациентите во четири клиники.
Единствено што е потребно за рутинска проверка на забите е компјутер, интернет врска и веб камера - истакнал Вотсон и додал дека во иднина ќе се измисли и електрична четка за заби со камера.