|
||||||||||
|
||||||||||
Што е ортодонција? |
||||||||||
|
Ортодонцијата е гранка на стоматологијата посветена на дијагноза, превенција и третман на проблеми со порамнувањето на забите и вилиците. Ортодонтскиот третман предвидува дизајнирање и употреба на помагала за корекција, како што се протези, брекети, хедгер и функционални помагала, кои се користат за да се постигне правилно порамнување на забите и вилиците. Клучното биолошко правило кое им овозможува на ортодонтите да ги поместуваат забите се темели на фактот дека коскеното ткиво кај луѓето, како и останатите делови од нашето тело, постојано се регенерира на клеточно ниво, без разлика на возраста на луѓето. Корените на забите се засидрени во вилицата, па оттаму одговорот на прашањето „Колкав временски период е потребен за да се придвижат забите во нивната идеална положба?“ зависи од брзината на клеточната регенерација на коскеното ткиво. За да можат законите на физиката да се аплицираат на чокековата биологија многу комплексни и внатрешни фактори треба да се земат в предвид и да се разберат. Секој пациент претставува уникатно човечко битие, поради што секој ортодонтски третман е исто така уникатен. Кога треба да се започне со ортодонтскиот третман?Иако ортодонтскиот третман е поволен за секого, на секоја возраст, идеалниот момент за почеток на третманот е во периодот пред или во раниот период на пубертетот. Бидејќи сложеноста и должината на третманот се зголемува пропорционално со возраста на пациентот, раниот третман на денталните малоклузии заштедува време и пари. Кој се занимава со ортодонција?Ортодонтот е високо квалификуван и обучен доктор кој поседува дипломи за стоматолог и специјализација на полето на ортодонцијата. Ортодонтот соработува со семејниот стоматолог за да создаде третман кој конкретно одговара на потребите на пациентот. |
||||||||||