ПРЕПОРАКА
Рентген панорамикс апаратите имаат три оригинални програми за потребите на секојдневната лекарска пракса на докторите стоматолози.
-
Стандардна-класична Rtg панорамикс слика со голема содржина на информации за базично испитување и планирање на третманот.
-
Редуцирана стандардна-класична Rtg панорамикс слика за цела мандибула и максила, за контролни испитувања и приказ на целиот терапеутски тек на предходни лекувања, - редукција на Rtg дозата за 20%.
|
 |
- Специјален програм за Rtg сликање на темпоромандибуларниге зглобови (ТМЗ) во хабитуелна оклузија (мирување) и максимално отворена усга, за контрола на позиционите промени или дегенеративни и патолошки промени на кондилите (Processus articulares). Ха една слика четири сегменти на TMZ:
- мирување (хабитуелна оклузија) лево и десно
- максимално отворена уста лево и десно.
|
 |
ДИГИТАЛНИ РЕНТГЕН ПАНОРАМИКС И ИНТРАОРАЛНИ СНИМКИ
Оваа технологија го забрзува и поедноставува процесот на
дијагностицирање. Во дигиталната рентгенологија не се
потребни хемикалии за развој на снимките. Оваа технологија
нуди брзи и јасни снимки во најкраток можен рок, а притоа
пациентите се подложени на 80% помало озрачување отколку
она при нормалното роентген снимање. Со овој тип на
снимање,снимките може да се репродуцираат безброј пати,
а можат да се испратат и по електронска пошта.
РЕНТГЕН ПАНОРАМСКИТЕ СЛИКИ - ИМПЕРАТИВ ВО СТОМАТОЛОГИЈАТА

Др Радмила Димовска
Стоматолошка Ординација
“ КРУНА МС “ Скопје
"Една слика вреди многу повеќе отколку десет илјади зборови"
- Анонимна поговорка
Современата стоматологија денес не може да се замисли без рентген панорамската слика која има важна базична улога во дијагностицирањето на различните патолошки промени на забите, виличните коски и лицевите коскени празнини ( синуси, орбита и носна празнина ). Само на тој начин се постигнува целосен, одличен и траен резултат во лекувањето на пациентот.
Многу од промените кои се локализирани во внатрешноста на забите или во коските, а кои се уште не предизвикуваат никакви проблеми не ќе можат да се забележат без рентген панорамикс слика.
Како потсетување, Рентген панорамикс сликата е неопходна при:
• Првиот преглед на пациентот
• При протетско, ортодонтско и хируршко планирање
• Детска стоматологија
• Дијагностицирање на кариес
• Дијагностицирање грануломи, цисти, дифузни воспаленија, фокуси, остеомиелити,полуимпактирани или импактирани заби
• Пародонтологија
• Деформитети на вилиците ( асиметрии, мандибуларен и максиларен прогнатизам, малоклузии)
• Трауми и фрактури на вилиците и забите
• Комплетен преглед на ТМЗ
• Тумори на вилиците ( бенигни и малигни )
• Преглед на параназалните синуси
• Преглед на носните отвори
• Преглед на средниот лицев скелет ( максила, зигоматична коска и орбита)
Систематската анализа на рентген панорамикс сликите покажува дека приближно на една третина од нив се откриваат случајни наоди кои дотогаш не предизвикале потешкотии кај пациентот и кои лекарот не можел да ги открие при вршењето на прегледот.
Во современата рентген дијагностика се повеќе се користи дигиталната рентгенографија како врвна технологија која го забрзува третманот и придонесува кон подобра и поефикасна дијагноза.
Предности на дигиталната рентгенографија
Предностите кои дигиталната рентгенографија ги има во однос на традиционалната се многубројни:
• пациентите се изложени на 90% помалку озрачување, отколку при традиционалните рентген слики
• процесот е побрз и поефикасен и за докторот и за пациентот
• дигиталната слика веднаш е достапна за гледање
• сликите можат да се дообработат за да се постигне подобра прегледност и да се зголемат до максимум за анализирање и на најситни детали
• сликите можат да се чуваат во електронската архива во вашиот компјутер или на Ц-Д и ви се постојано достапни за работа
• за развивањето на овие слики не се користат хемикалии како во традиционалниот процес на развивање.
Како функционира дигиталната рентгенографија?
Во овој процес не се користи филм, туку сензор , поврзан директно со компјутерот. Рентген дигиталниот панорамикс апарат едноставно ротира околу пациентот, при што снимањето е лесно и брзо и нема потреба од менување филмови. Снимките веднаш се репродуцираат на мониторот. Снимањето трае навистина кратко и затоа пациентите се изложени на скоро 90% помалку озрачување отколку при традиционалното рентген снимање.
Дигиталните слики овозможуваат увид на детали и можно е да се направат одредени прилагодувања заради подобра видливост на саканиот детал. Ова нешто е од голема помош при дијагностицирањето на проблемот. Сликите исто така може да се чуваат во електронска датотека и на тој начин се постојано на располагање.
Ни еден стоматолошки третман не е целосен од самиот почеток доколку не се направи комплетен увид во состојбата на пациентот, вклучително и рентген панорамска снимка. Таа е важно помошно дијагностичко средство во стоматологијата за идентификација и дијагноза на патолошките промени во орофацијалната регија.
Генерално, на децата им се потребни повеќе рентген панорамикс слики , отколку на возрасните, бидејќи растат и се се менува рапидно. Според Светската Здравствена Организација се препорачува рентген панорамикс слика на секои шест месеци, а по потреба и почесто. Се разбира помалку слики ни се потребни кај пациенти со сочувано орално здравје.
Со примената на најновите научни сознанија и употребата на врвна технологија, современиот стоматолог денес знае со која техника, процедура, во кое време и за која индикација на пациентот да му препорача и пружи врвна терапија.
|