|
Околу 30 000 Американци заболуваат од рак во усната празнина секоја година. Само половина од заболените живеат дополнителни пет години откако е поставена дијагнозата. Од клучна важност е состојбата да се увиди рано. Само-прегледите се едноставни и не одземаат многу време, бидејќи симптомите лесно се забележуваат.
Во симптомите спаѓаат:
• Грутка во грлото
• Задебелување или грутка(и) по работ на устата
• Умртвеност на јазикот
• Црвени и бели ранички во устата
• Темно сини или црни точки на јазикот
Еднаш во неделата, исплазете го јазикот во огледалото и проверете го од горе и долу. Проверете ги исто така и непцата, задниот дел од устата и внатрешниот дел од образите. На овој начин можете веднаш да забележите било каква абнормална појава. Но, сепак, не можете да бидете сами свој стоматолог. Одете на стоматолошки преглед два пати во годината. Доколку во минатото сте се подложиле на позначајни стоматолошки зафати, овие прегледи треба да ги правите и почесто, на пример на секои три или четири месеци.
|