|
||||||||||
|
||||||||||
План за ортодонтски третман |
||||||||||
Прва консултација со ортодонтПрвата посета предвидува клинички преглед на пациентот. На овој начин ортодонтот има увид во состојбата и може да го посоветува пациентот за можните третмани, кога би требало да се започне со третманот, колку би траел и кои се приближните трошоци за него. Водење документацијаВо документацијата на пациентот спаѓаат: Документацијата овозможува прецизна анализа на секој случај/пациент засебно. На овој начин се документираат и сите случаи на малоклузија кои можат потоа да се искористат за референца во иднина. Планирање на третманотЗа време на оваа посета, ортодонтот и пациентот ги разгледуваат планот или плановите за третман кои се направени со помош на информациите добиени од првата консултација и документацијата. Потоа, се закажува термин за почеток на третманот или, доколку е премногу рано, се закажуваат термини за редовни предгледи на пациентот, додека не дојде вистинскиот момент за почеток на третманот. Вадење заби и други прелиминарни процедури Во одредени случаи, за да се добие доволно простор за порамнување на забите, потребно е да се отстранат одредени заби од вилицата. Кариесот се отстранува од сите заболени заби пред почетокот на третманот, а понекогаш потребно е и сите заби да се исчистат. Трошоците за горенаведените прелиминарни порцедури не се вклучени во трошоците за ортодонтскиот третман, бидејќи нив ги извршува семејниот стоматолог. ПротезиПротезите овозможуваат најефикасен и најпрецизен начин за поместување на забите. Протезите се најчесто направени од челик што не ‘рѓосува, иако постојат и безбојни брекети, кои најчесто не се пресметани во целовкупниот износ на третманот. За поставување на протезите се потребни најчесто две посети, а потоа тие се носат за време на целиот третман. Пациентите потоа доаѓаат на редовни посети во период од секои 4-8 недели за корекција на протезите, промена на жици, итн. Еастични ленти и хедгерЗа време на третманот, може да е потребно пациентите додатно на протезите да носат апарати како што се еластичните ленти или хедгер. Овие помагала создаваат додатни сили кои го корегираат загризот. Времетраење на третманотПотребни се најчесто 18 - 24 месеци за успешно исполнување на третманот. Во некои случаи овој период е подолг, а во некои, пократок. Времетраењето на третманот зависи од карактеристиките на малоклузијата, видот на третманот и соработката од страна на пациентот. Столатолошки прегледиПациентите треба да продолжат со редовните стоматолошки прегледи дури и за време на ортодонтскиот третман. РетенцијаПо завршетокот на активниот дел од третманот, протезите се отстрануваат, а се поставуваат помагала за ретенција, кои ги оддржуваат забите во новодобиената позиција. Овие помагала се во форма на плочи кои се отстрануваат или жици кои се поставуваат зад забите. Помагалата за ретенција најчесто се носат: Потребни се периодични посети, еднаш до два пати во годината, за проверка на новодобиената корегирана позиција на забите во период до пет години по завршетокот на третманот, откако ќе се престане со употреба на помагалата за ретенција. |
||||||||||