Почеток Профил Дејност Детски агол Персонал Ние во медиумите Занимливости Локација Контакт English

Ортодонтски проблеми

Збиени заби

Проблемот со збиени заби е еден од најчестите ортодонтски проблеми кој дава грд изглед и дополнителни проблеми при чистење на забите.


Испакнати ( протрудирани )заби

Испакнатите заби имаат грд изглед и се подложни на заболувања. Во овие случаи, забите од долната вилица често го поттиснуваат и оштетуваат непцето зад предните заби од горната вилица.


Обратен загриз

Во случајот на обратен загриз, предните заби од долната вилица се испакнати кон напред и поставени пред предните заби од горната вилица.
Обратен загриз има грд изглед и допринесува кон нерамномерно трошење на предните заби.

Длабок загриз

Во случајот на длабок загриз, предните заби од горната вилица ги покриваат истите од долната вилица.
Длабокиот загриз допринесува кон зголемено трошење на предните заби и оштетување на непцето зад предните заби на горната вилица.

Отворен загриз

Отворениот загриз се јавува кога забите не се спојуваат.
Оваа малоклузија предизвикува проблеми при исхрана, проблеми со говорот и прекумерно трошење на забите кои не се спојуваат со своите двојници од другата вилица. Отворениот загриз исто така дава и грд изглед.

Вкрстен загриз

Забите од горната вилица треба да се спојуваат со своите двојници од долната вилица. Доколку горната вилица е премногу тесна, долната вилица се накривува кон лево или десно, за да можат сите заби да ги најдат своите двојници и да се спојат со нив. Како резултат на овие активности се јавува вкрстениот загриз.

Заби кои недостасуваат

Проблемот со заби кои недостасуваат дава грд изглед.
Доколку се поместат сите заби во соодветна и правилна позиција, се создава доволно простор за замена на оние кои недостасуваат.

Цицање на палец

Цицањето на палецот (или прстите) може да ги деформира околните заби или коската во нивната основа.

Останати проблеми

Потребно е да се консултирате со ортодонт доколку се справувате со:
- Проблеми при џвакање и гризење
- Проблеми во говорот
- Шкртање со или стегање на забите
- Непријатни звуци при мрдање со вилиците или нивно изместување

Назад