Почеток Профил Дејност Детски агол Персонал Ние во медиумите Занимливости Локација Контакт English

Ортодонција за млади


Протезите најчесто се поставуваат на возраст помеѓу 12 и 15 години. Познати и како фиксни ортодонтски апарати, протезите најчесто се носат во период од 24 месеци, во кој можат да ги поправат денталните малоклузии. Младите се во уникатна ситуација, каде ги имаат сите трајни заби и вилица која е сéуште во развој, поради што се идеални кандидати за ортодонтски третман.

Како функционира ортодонцијата?

Вообиченото мислење за цврстината на вилицата е дека е јака како камен, а всушност, во периодот на развој, таа повеќе наликува на глина. Доколку ја притиснеме, таа ќе се растегне. Доколку ја развлечеме, ќе се рашири. Доколку ја притиснеме наназад, таа полека ќе се повлече во тој правец. Вилицата всушност не се растегнува. Наместо тоа, кога ја влечеме, таа расте во правецот во кој ја влечеме. Сепак, најважно е дека со влечењето, протезите ја менуваат формата на вилицата.

На истиот начин, со туркање, ги поместуваме забите во внатрешноста на устата.

Ортодонтот врши притисок на вилицата за да ја рашири , со цел сите заби да имаат доволно простор. Потоа, врши притисок на забите (ги турка) за да дојдат во соодветната правилна положба. Доколку горната вилица е премногу мала, ортодонтот може да ја зголеми со помош на специјалната направа, наречена хиракс. Доколку забите се испакнати кон надвор, со помош на една друга специјална направа, наречена хедгер , ортодонтот може да ги притисне забите да се вратат во соодветната правилна положба. На тој начин ортодонтот може да го помести секој заб засебно и да ја рашири вилицата онолку колку е потребно за да добијат сите заби во устата правилна положба.

Зошто да ставиш протези?

Тешко е да се замисли додека ги носиш, но протезите ќе ти ја разубават насмевката и ќе направат да изгледаш одлично.
Насмевката е највпечатливиот дел од твоето лице. Погледни се во огледалото. Ти се допаѓа насмевката? Ортодонтот ќе ти овозможи прекрасна насмевка. На крајот ќе изгледаш одлично. Само помисли колку тоа би влијаело на дружењето со друштвото.

Протезите го подобруваат здравјето !!!

Со протезите се џвака подобро


Џвакањето е првиот чекор во варењето на храната. Доколку забите не се правилно поставени, нема да можеме правилно да џвакаме, при што храната е делумно изџваканата и така оди надолу кон желудникот. Ова може да придонесе до болки во желудникот.

Би избегнале проблеми со забите

Доколку не го направиш навремено ортодонтскиот третман, во наредните години ќе се јават проблеми со забите. Ќе се соочиш со тешкотии во чистењето на забите. Непцата ќе те болат. Забите ќе се излижат на начин на кој што не треба. Последиците се толку значајни што и многу возрасни личности поставуваат протези.

Би избегнале проблеми со дишењето.

Како што старееме, горниот дел од усната празнина може делумно да ги блокира дишните патишта во носот. Како резултат на тоа се јавува гласно рчење и може да се јави состојбата наречена моментално отсуство на здив за време на сон (слееп апнеа). Со протезите, оваа состојба може да се избегне.

Зошто постои потребата од протези? Зошто еволуцијата, т.е. природната селекција не ја елиминирала потребата од протези?

Добро прашање! Ортодонтските проблеми се во нашите гени.

Пред 10.000 години, пештерските луѓе имале скоро перфектни заби и немале потреба од протези. Но, во тоа време возрасните луѓе биле високи само 1.5метри, а тинејџерите 70цм -1м.

Во текот на последните 10.000 години од еволуцијата, луѓето станале поголеми. Под влијание на еволуцијата, устата малку се зголемила, додека забите МНОГУ СЕ ЗГОЛЕМИЛЕ. Како резултат на тоа, забите на повеќето луѓе не се правилно распоредени во устата, т.е. нема доволно простор за нив. Ортодонтот ги прераспределува забите и по можност ја моделира усната празнина за да можат сите заби да добијат свое соодветно и правилно место.

Погледни само колку се големи предните заби. Дали би имало место за нив во устата доколку си висок/а само 70-100 цм?

Постојат ли други причини зошто на луѓето им се потребни протези?

Па, не би знаеле. Се претпоставува дека бебињата доколку користат цуцли подолг период, може да развијат неправилен загриз. Ортодонтски проблеми може да се развијат и од повреди на устата, или доколку се цица палецот на возраст поголема од две години. Некои ортодонти тврдат истотака дека грицкањето нокти или гризењето на усните може да предизвика ортодонтски проблеми. Постојат исто така информации дека и со нагло прекинување на доењето се зголемува ризикот од ортодонтски проблеми. Секако, главна причина зошто на луѓето им се потребни протези е несразмерното, т.е. побрзото растење на забите во однос на устата. Но, тоа е природниот начин на растење и не може ништо да се стори во тој поглед.

Назад