|
||||||||||
|
||||||||||
Нега |
||||||||||
Како да се грижам за забите и непцата?Секојдневното отстранување на плакот е од клучна важност за здрави заби и непца. Плакот е онаа леплива безбојна материја, полна со бактерии, која постојано се создава на забите. Доколку се остави слободно да се таложи, превзема една од главните улоги во предизвикувањето болести на забите и непцата. Следете ги следниве чекори на патот кон здрави заби и непца: * Четкајте ги забите, непцата и протезите барем три пати во денот (особено после јадење) * Чистете го просторот помеѓу забите барем еднаш во денот и секако навечер, пред спиење. * Користете паста за заби со флуорид, бидејќи помага во спречување на кариес. * Користете водичка за испирање на устата збогатена со флуорид барем еднаш во денот, за да го намалите ризикот од кариес. Обидете се постојано со себе да носите четкичка и конец за заби за да можете да ги чистите забите и кога не сте дома. Како темелно да ги исчистам забите и непцата кога носам протези?Отстранувањето на плакот од забите и непцата кога носите протези отпрво изгледа тешко. Но, не се откажувајте; за кратко време ќе се навикнете и целата процедура нема да изгледа толку комплицирана. Следниве совети можат исто така да Ви помогнат: Прво, извадете ги сите отстранливи делови, како што се ластичињата и хедгерот. Поставете ја четкичката за заби под агол од 45о и четкајте со фини горе-долу, лево-десно или кружни движења. Четкајте го секој заб засебно 10-тина секунди. Со истите движења четкајте ја и внатрешната и надворешната површина на сите заби. Завршете со четкање околу протезите, прво од горе, а потоа од долу. Четкањето треба да е нежно, за да не се свиткаат или скршат жиците или брекетите.
Колку често треба да ги чистам протезите?Од витално значење е да ги чистите протезите секој пат кога ги четкате забите. Протезите се „одлично“ место за таложење плак. На овој начин се зголемува нивото на наталожен плак на забите, при што се зголемува и ризикот од кариес и заболување на непцата. Носам протези, како да ги исчистам забите со конец?
Користете конец со цврсти краеви, за да може да го провлечете низ процепот помеѓу забите - над жицата од протезите кај забите од горната вилица и под неа, на забите од долната вилица. Држете го конецот за двата краеви, при што ќе изгледа како да сте ја направите буквата „С“ со него и нежно повлекувајте го прво во еден, а потоа во спротивен правец, за да ја исчистите секоја страна на забот и просторот под непцето. За секој заб користете ново парче конец. Кои производи се најдобри за нега на протезите?Влакненцата на ортодонтските четкички за заби се исечени во форма на латинично „В" со што овозможуваат да се исчисти површината над и под брекетите и жицата. Четкичките за заби на електрична енергија или батерии отстрануваат повеќе плак отколку обичните. Поновите модели содржат и специјална глава за четкање протези. Интерденталните четкички имаат многу мали глави со фини влакна кои се одлични за чистење на површините под жиците и помеѓу забите. Посоветувајте се со ортодонтот како да се користите со нив за да ги исчистите забите во пределот околу протезите. Направите за иригација функционираат со помош на млаз на вода (или водичка за испирање на устата) под притисок кој се користи за чистење на површината околу протезите и долж работ на непцето. Повеќето од овие направи имаат копче за контрола на млазот, за да можат да се исчистат и почуствителните делови од устата. За нега на забите и непцата ортодонтот понекогаш може да Ве советува да користите повеќе производи за нега во комбинација. Чистење на мобилната протеза Извадете ја протезата и исчектајте ги забите на вообичаениот начин. Потоа, исчистете ја, протезата со четкичката и пастата за заби. На крајот исплакнете ја устата со вода. Доколку ја носите протезата на забите од горната вилица, не заборавајте нежно да ја исчеткате повершината на непцата врз која тоа лежи, заедно со горниот дел од усната празнина (тврдото непце). Дали треба сепак да одам на редовни стоматолошки прегледи?Да! Стоматологот и ортодонтот се вистинската комбинација за здравјето на Вашите заби и непца. Смејте се постојано! За протезите се потребни трпение и дисциплина. Сепак, целта на третманот може да е поголема од здравата насмевка; со протезите ортодонтот често спречува подоцна да се развијат посериозни проблеми. Соодветната нега на забите во домашни услови е од важност, бидејќи на тој начин третманот се одвива според планираното, а во некои случаи дури може и да се забрза. Додатно на ова, добрата нега допринесува за долготрајно здравје на Вашите заби и непца! Која е целта? Здрава и прекрасна насмевка во секое време! |
||||||||||