|
||||||||||
|
||||||||||
Микростоматологија |
||||||||||
|
Микростоматологијата е модерен пристап на стариот проблем на идентификување и дијагноза на заболувања на забите. Со помош на современата технологија и техники, микростоматологијата овозможува рано откривање на кариес и други заболувања на забите. На овој начин е можно да се зачува што поголем дел од забот, а заболувањата да се лекуваат со што помалку инвазивни третмани. Последните технолошки достигнувања овозможуваат забот да се подготви за реставрација, а при тоа да не се отстранат делови од здравото ткиво. Оваа технологија овозможува вршење и на најмали реставрации и црвсти и долготрајни реставрации. ВОЗДУШНА АБРАЗИЈАШто е воздушна абразија? Воздушната абразија претставува нежен млаз на комбинација од воздух и прав со помош на кој се отстранува заболувањето на забот. Дали третманот со воздушна абразија задава болки? Скоро никогаш! Стоматологот ја контролира брзината и јачината на млазот, при што внимава да не Ви нанесе болка. Во најголем дел од случаите, ова значи дека за лекување на забот нема потреба од инекции и бушење.
Едноставниот пренослив апарат за воздушна абразија на монтирање овозможува тивки и мирни операции.
Цевката за исфрлање на правот која се наоѓа на врвот на Пропѕфлеџ е опкружена со вода. Водата ги фаќа честичките од правта, спречува непотребно ослободување на честички и го прави третманот поудобен и за пациентот и за стоматологот. ИНТРА-ОРАЛНА И ЕКСТРА-ОРАЛНА ДИГИТАЛНА СНИМКА
Што е дигитална рентгенска снимка? Дигиталната ренгенска технологија ни овозможува да создадеме рентгенски снимки со одличен квалитет и значително помало озрачување на пациентот и вработените во ординацијата. Снимката може да се погледне веднаш по снимањето. Јавете се за консулатција со нашиот персонал, кои ќе Ви одговорат на сите прашања и закажете термин за снимање во било која од нашите ординации. ЕКСТРА ОРАЛНА ДИГИТАЛНА ТЕХНОЛОГИЈАГолема помош при дијагнозирање, одличен перформанс и удобност при користење.
Идеален за: ИНТРА-ОРАЛНА ДИГИТАЛНА ТЕХНОЛОГИЈА
|
||||||||||