Почеток Профил Дејност Детски агол Персонал Ние во медиумите Занимливости Локација Контакт English

Методи на белење на забите

Белење на забите

Белите заби долго време се сметаат за пријатели на убавината и доброто здравје. Додатно на ова, луѓето со бели заби имаат поголема самодоверба и почесто се смеат. Затоа, не изненадува фактот што белењето на забите не е нов концепт.

Египјаните биле првите кои користеле паста за заби направена од измелена пемза и оцет. Римјаните, од друга страна, верувале дека урината ги белее забите и го зачувува нивното здравје.
Во ХИИ и ЏВИ век берберите вршеле услуги за белење на забите (оттаму доаѓа и знакот за берберите - црвено и бело за крв и коски). Но, оваа процедура била навистина болна, бидејќи подразбирала стружење на забите, а потоа нивно премачкување со високо-корозивна азотна киселина. На овој начин забите навистина се избелувале, но потоа и многу побрзо се расипувале.

Најчестите форми на дисколорација на забите се: стареење, хемиски оштетувања и обезбојување. Пребојувањето е најчесто резултат од пушење, конзумирање кафе, Кока Кола, чај и црвено вино, иако и одредени лекови можат да предизвикаат значително пребојување на забите.

Традиционални третмани

Денес постојат два вида на белење на забите: процедура која се прави во стоматолошката ординација и процедура која пациентите сами ја спроведуваат во домашни услови.

Белење на забите во стоматолошка ординација

Пред почетокот на процедурата за белење на забите се документира моменталниот степен на белина на забите. Потоа, следи традиционално чистење на забите, за да се подготви забната глеѓ за третманот за белење.
Агенсите кои се користат во професионалното белење на забите во основата имаат пероксид и нагризуваат, можат да ги оштетат непцата и ткивата во устата. За заштита, врз забите на пациентот се поставува еден вид забна протеза. Протезата е всушност тенок слој на латекс со дупки, кои се шират за да ги пропуштат забите штом латексот се навлече на нив. На овој начин се заштитуваат непцата и усните на пациентот.
Наместо протезата од латекс се користи и заштитен гел. Слој од гелот се става околу забите, а потоа се остава да се исуши и на тој начин подоцна нема да дозволи агенсот да допре до непцата. Со ретрактор се повлекуваат и заштитуваат усните и непцата.
Третманот за белење на забите извршен во стоматолошката ординација нуди веднаш видливи резултати, но сепак, понекогаш е потребно, за да се оддржи белината, пациентите да користат средства за белење на забите во домашни услови.

Белење на забите во домашни услови

Постојат поголем избор на процедури за белење на забите во домашни услови. Достапни се пасти за заби кои содржат агенси за белење, ленти за белење, производи кои се нанесуваат на забите, итн. Меѓутоа, најефикасен метод е методот со калап за белење.
За оваа цел се прави пластичен калап кој што одговара на забите на пациентот. Пациентот става гел за белење во калапот, а потоа го поставува врз своите заби и го носи по неколку часа во текот на денот, даден број на недели, додека не се постигне посакуваната белина на забите. Недостатокот на овој метод е неговото времетраење и отсуството на брзи резултати. Додатно на ова, пациентите ја спроведуваат процедурата сами, што значи нема надгледување од стоматолог.
Општо земено, и двата видови на процедури за белење на заби се повеќе успешни во белењето на дамки настанати од кафе, чај, цигари, отколку оние настанати од лекови и флуорид. Главната причина за тоа е што забната глеѓ е релативно отпорна и не ги пропушта агенсите за белење, при што ги ограничува резултатите од нивното дејство на мала длабочина.

Ласерски третман

Денес се повеќе се зголемува довербата на стоматолозите во ефикасноста на ласерското белење на забите (за разлика од традиционалните третмани). Ласерскиот третман е сличен на традиционалното белење во ординацијата, бидејќи и за овој метод е потребно да се гел. Гелот содржи боја која ја абсорбира светлината од ласерот и го поттикнува белењето.
Ласерот емитува доволно енергија за да ги раздвижи молекулите на хидроген пероксидот и да се добие ефект на оксидација, при што гелот се разложува на слободни радикали на кислород и вода. Агенсот потоа се сврзува со дамката на забот и го намалува нејзиниот интензитет и доведува до белење.
Крајниот резултат е брзо белење на третираниот предел, чија белина трае подолго од онаа добиена со традиционалните методи на белење. Уште една предност на ласерското белење на забите е тоа што ласерот може да се насочи на конкретна дамка (која е проблематична за белење), без притоа третманот да ги зафати сите заби во устата.


Ласерското белење на забите е безболно, брзо и неагресивно.

Назад