Почеток Профил Дејност Детски агол Персонал Ние во медиумите Занимливости Локација Контакт English

Ласерско белење на забите

Напредокот на технологијата условува појава на поголем број решенија за здрава и бисерна насмевка. Во споредба со покомплексниот третман со порцелански коронки, професионалното белење на забите е поповолна опција. Дури и луѓето со чуствителни заби можат да се подложат на овој третман.

Од оваа причина, повеќето пациенти се одлучуваат за ласерско белење на забите и покрај другите опции достапни на пазарот, вклучувајќи ги и „направи сам“ пакетите. Трошоците за ласерско белење може да се повисоки, но пациентите се одлучуваат за третманот поради краткотрајноста и ефикасноста на процедурата.

Процедура за ласерско белење на забите

Процедурата на белење започнува со лесно измивање на устата, отстранување на плакот од линијата на непцето и апликација на специјален гел. Професионалниот гел е уникатен по тоа што содржи посебна хемикалија, која му овозможува на ласерот да го постигне максимумот во белењето на забите. Штом се зацврсти гелот, започнува ласерскиот третман на забите. Светлината од зракот може да ги обели забите дури за 10 нијанси.

Процедурата на ласерско белење на забите вообичаено трае приближно 1 час. Во екстремни случаи е потребно повторување на третманот до неколку пати, поради длабоките дамки на забите кои се најчесто резултат од тетрациклин или други лекови кои влијаат на бојата на забите.

Чуствителни заби?

Чуствителноста на забите е честа појава. За разлика од другите опции за белење на забите, овој третман е еднократен и затоа претставува најприфатлива опција за лицата со чуствителни заби.

Трошоци за ласерско белење на забите

Во поглед на трошоците, ласерското белење на забите не се разликува од другите третмани со употреба на најнова технологија. Цените на третманот се повисоки, но се менуваат и стануваат сé подостапни. Овој третман е препорачлив за сите кои размислуваат за белење на забите.

Назад