|
||||||||||
|
||||||||||
Ласерско белење на заби |
||||||||||
|
Напредокот на технологијата условува појава на поголем број решенија за здрава и бисерна насмевка. Во споредба со покомплексниот третман со порцелански коронки, професионалното белење на забите е поповолна опција. Дури и луѓето со чуствителни заби можат да се подложат на овој третман. ПРЕД
ПОТОА
Процедура за ласерско белење на забите Процедурата на белење започнува со лесно измивање на устата, отстранување на плакот од линијата на непцето и апликација на специјален гел. Професионалниот гел е уникатен по тоа што содржи посебна хемикалија, која му овозможува на ласерот да го постигне максимумот во белењето на забите. Штом се зацврсти гелот, започнува ласерскиот третман на забите. Светлината од зракот може да ги обели забите дури за 10 нијанси. Чуствителни заби?Чуствителноста на забите е честа појава. За разлика од другите опции за белење на забите, овој третман е еднократен и затоа претставува најприфатлива опција за лицата со чуствителни заби. Трошоци за ласерско белење на забитеВо поглед на трошоците, ласерското белење на забите не се разликува од другите третмани со употреба на најнова технологија. Цените на третманот се повисоки, но се менуваат и стануваат сé подостапни. Овој третман е препорачлив за сите кои размислуваат за белење на забите. |
||||||||||