|
Стоматологот Ве известил дека проблемот може да се реши единствено со хируршки зафат? Штом ќе избледи моментот на инстантен страв, треба да одлучите што следно би направиле.
Би сакале ли да знаете кои погодности Ви следат доколку се консултирате со хирург кој оперира со ласерска технологија?
Oперативните зафати извршени со ласерска технологија најчесто се вршат по истиот редослед како и традиционалните хируршки зафати. Но ласерската хирургија има свои предности:
- Оперативните зафати се извршуваат скоро без крварење
- Бидејќи нема крварење, хирургот има одличен преглед на местото каде ја врши процедурата
- Времето потребно за извршување на оперативниот зафат е пократко. Ова значи дека периодот во кој пациентот има отворени рани е пократок и
- Ризикот од инфекции се намалува. Инфекциите се најчестата форма на постоперативни компликации.
- Бидејќи нема крварење, не се јавуваат постоперативни отоци и хематоми. На овој начин уште повеќе се намалува ризикот од инфекција
- Кај овие пациенти, постоперативно, се јавува или болка со мал интензитет или не се јавува воопшто никаква болка.
- Шевовите во устата се непријатни за пациентите. После ласерските оперативни зафати најчесто нема потреба од шевови.
- Од особена важност, особено во оперативните зафати од естетската хирургија, е тоа што ласерските зафати не оставаат белези.
Сепак, многу пациенти прашуваат за ризиците од ласерската хирургија, бидејќи ласерите имаат општоприфатен имиџ на екстремно моќна и опасна светлина. Може ли еден ваков сноп светлина, кој се користи за сечење челик, да послужи и во стоматологијата? Без ризик за пациентите?
Хирурзите кои користат ласерска технологија строго ги следат упатствата за безбедност и златните стандарди на употреба на ласерска технологија, развиени во бројни научни студии низ светот.
Ласерскиот скалпер денес се користи исто толку безбедно и прецизно колку и скалперот за челик.
Ласерската хирургија не е повеќе експериментално поле на хирургијата, туку уште една успешна понуда на иновативната хирургија.
Ендодонција
Третманот на коренот претставува обид да се спаси мртов или инфициран заб, чија состојба е резултат од неуспешен третман.
Инфекцијата од бактериите може да предизвика трајно оштетување на органите како што се срцето, бубрезите, и др, поради нефункционалност на имуниот систем. Можни се исто така и болка, воспаление и губење на забот.
Цел на третманот:
- чистење и дезинфекција на каналите на коренот
- запечатување на главниот и помошните канали
- зачувување на забот
Очигледно е дека горенаведените точки се од важност и за конзервативниот и пред-протетски третман.
Традиционален третман
- производи за чистење, кои имаат мала пенетративна моќ
- ограничен ефект на уништување на бактериите, бидејќи тие се кријат ив о подлабоките слоеви на дентинот.
Ласерски третман: предности во споредба со традиционалниот третман
- Посебни бранови должини, кои овозможуваат продирање во дентинот.
- Со ласерот се допира и до страничните канали, ограноци на канали и подлабоки слоеви
- Истовремено се стимулира и забрзува процесот на заздравување.
- Со ласерскиот третман најчесто се избегнуваат неуспешни зафати.
Опис на резултатите од третманот / фотографии
Додатно на традиционалниот третман: подготовка на каналот на коренот со рачни алатки,
Каналот се озрачува во една до три кратки сесии, безболно, за да се отстранат бактериите.
Помеѓу две сесии е потребна пауза од една недела.
Предност: брзо подобрување на симптомите поради забрзаниот процес на заздравување.
Можна е техничка и протетска нега на солидна основа во раната фаза. Се овозможува повисок процент на успешност и помал број на компликации, без хируршки интервенции (апикотомија).
Третман за чуствителни заби
Вовед: забот кој е изложен како резултат на повлекување на непцето, периодонтално заболување или оштетување на непцето предизвикано од неправилно четкање на забите, предизвикува остра болка (на топло/ладно, благо/кисело, итн)
Традиционален третман
- Флуоридација
- Запечатување (со флуид)
Во отсуство на долгорочен ефект, третманот се повторува за да се спречи појава болка со било каков интензитет.
Ласерски третман
Запечатување на површината на забот (вратот) со цинк флуорид и зрачење со ЦО2 ласер.
Краток третман со долгорочни ефекти.
Болката се елиминира после две сесии, а ефектот трае многу години.
Назад
|