Почеток Профил Дејност Детски агол Персонал Ние во медиумите Занимливости Локација Контакт English

Имплантологија

"Osteofix" - импланти со дополнителна протетска рехабилитација

Имплантите претставуваат еден од најголемите напредоци на модерната стоматологија. Секоја година, десетици илјади луѓе добиваат втора шанса за здрави заби со помош на  импланти те. Потенцијалните кандидати за импланти имаат многу прашања во однос на процедурата и резултатите кои се добиваат.

  1. Што се имплантите?- повеќе информации за ставањето и средувањето на имплантатите.
  2. Зошто ми требаат имплантите? - дознајте дали сте кандидат за импланти.
  3. Како функционираат имплантите? - објаснување во кратки црти како имплантите можат да ја разубават насмевката
  4. Што с? вклучува процедурата за апликација на имплантите? - детален опис на една операција за ставање на имплантат.
  5. ЧПП - често прашувани прашања

Што се имплантите? 

Природните заби се состојат од коронка (делот кој се гледа над непцето) И корен (кој е скриен под непцето, во вилицата). Корените ги држат забите на вилицата. Кога пациентот нема некој заб, стоматологот треба да одлучи како да создаде нова коронка И да најде најдобар начин како таа може да се постави во празнината. Имплантите постојат поради оваа причина. Тие се метални цилиндри кои се поставуваат во вилицата на местото каде биле природните заби, пред да бидат извадени. Овие цилиндри во форма на корени служат да се зацврсти имплантот на местото каде претходно постоел природниот заб. Имплантите исто така можат да се употребат за да ги зацврснат (да ја зацврснат местоположбата) на природните, но малку расклатени заби. За оваа цел тие се поставуваат покрај лабавите заби и ги држат цврсто со помош на коронки. На овој начин, природните заби траат подолго и функционираат подобро. Имплантите се направени од хируршкиот метал наречен титаниум, бидејќи е најкомпактибилен со човечката биологија. Се поставуваат со хируршки зафат И локална анестезија во стоматолошка ординација. Имплантните системи се тестирани и докажани како многу успешни. Всушност, некои од нив имаат животен век од 20 години, со успешност поголема од 90%. Пациентите кои оддржуваат добра орална хигиена и добро се грижат за новите заби можат да го извлечат максимумот, т.е. да се користат со нив цел живот.  

Зошто ми требаат импланти?

Луѓето губат заби од било која причина: инфекции, болести на непцето, несреќа или повреда. Во недостаток на природните заби се јавуваат разни проблеми. Останатите заби се поместуваат, ротираат или се искривуваат. Се развива неправилен загриз, со што станува тешко правилно да се сомеле храната во устата. Празнините помеѓу забите можат да ги комплексираат пациентите, со лошата естетика, проблеми во говорот и недостаток на самодоверба. Доколку правилно се постават, имплантите ги заменуваат природните заби и ги елиминираат сите проблеми. Пациентите кои имаат импланти велат дека можат подобро да ја сомелат храната, џвакаат како што треба, зборуваат подобро и се посигурни во себе.

Тестирајте се самите себе си:

Ако сте размислувале за ставање импланти, сигурно се прашувате дали сте вистинскиот кандидат за такво нешто. Направете го овој едноставен тест за да се уверите дали оваа процедура ќе Ви помогне.
Едноставно запрашајте се:

  • Ми фалат ли еден, два или повеќе заби?
  • Ја кријам ли устата кога се смеам затоа што имам грди простори помеѓу забите или затоа што ми фалат некои заби?
  • Не се чуствувам најсигурно кога се смеам, зборувам или јадам?
  • Имам ли проблеми при јадењето, џвакањето или зборувањето правилно?
  • Дали ми се нишаат забите или треба да се лекувам поради болест на непцата?
  • Имам ли други импланти кои испаѓаат или ми предизвикуваат болка при јадење?
  • Ги носам ли протезите постојано или често ги оставам дома?
  • Имам ли проблеми од функционална или естетска природа со коронките или мостовите?
  • Дали забите кои го држат мостот ми се разнишани или се поместуваат од оригиналната позиција?
  • Можам ли да чекам неколку месеци за да се заврши целата процедура на поставување имплант?
  • Ќе можам ли навистина да се грижам како што треба за имплантите?
  • Дали ќе одам на редовни стоматолошки прегледи?
  • Верувам ли дека животот ќе ми биде полесен ако забите ми се подобри?

Доколку одговоривте потврдно на едно или повеќе од горенаведените прашања, можеби сте потенцијален кандидат за импланти.

Како функционираат имплантите?

Имплантите ја заменуваат формата и функцијата на извадените заби и ги држат цврсто на место, вештачките заби, исто како што корените ги држат природните заби. 

Можни се разни опции за замена:

  • Имплантите можат да се искористат за замена на еден заб, при што повеќе нема потреба од стружење или изменување на формата на соседните заби.

Имплантите можат да се искористат за зацврснување (како држачи) на фиксните мостови.

  • Имплантати можат да ја зацврснат положбата на лабавите заби
  • Имплантати можат да пружат поддршка на вештачките заби кои се ставаат во случаи кога на вилицата нема ниту еден природен заб.

Имплантати всушност претставуваат втора шанса за Вашите заби!

Што се вклучува процедурата за апликација на имплантите?

Прво, треба да ги разгледате можностите и опциите со Вашиот стоматолог. Заедно треба да одлучите дали сте кандидат за Имплантати. Стоматологот ќе Ви направи целосен преглед на усната празнина и рентгенска снимка.Доколку сте кандидат за Импланти, процедурата е следнава:

  1. Хируршко поставување на имплантот/ите во коската. Ова најчесто се прави во стоматолошката ординација со помош на локална анестезија. После операцијата следи процесс на заздравување, кој трае три месеци за долна вилица И четири месеци за горната вилица. За време на овој период, имплантите се соединуваат со коската преку процес наречен „остеоинтеграција“.
  2. Следи мал хируршки зафат, при што на врвот на имплантот се наддава основата. Основата служи за да ги држи забите кои подоцна ќе се постават. Ова е кратка процедура за која најчесто се користи локална анестезија.
  3. Последната фаза е ресторативната фаза. Стоматологот зема отпечатоци од Вашите заби, а потоа прави протеза која треба да се постави на имплантатот. За да се заврши оваа фаза потребни се повеќе посети. Но, штом се заврши, ќе имате нови заби кои изгледаат природно и цврсто

Кои фактори допринесуваат за долготраен успех на Имплантатите?

Долготрајноста на имплантите зависи од многу фактори. Најпрво, долготрајноста зависи од квалитетот и квантитетот на коската која ја има пациентот. Колку повеќе коска има хирургот на располагање за работа и колку е таа поквалитетна, поголеми се и шансите за поголема долготрајност на имплантот. На второ место доаѓаат искуството и квалификуваноста на хирургот за вакви процедури. Не постои ништо што може да ги замени искуството и талентот на хирургот во извршувањето на хируршки процедури. На крајот, квалитетот на рестраврацијата која се става на имплантатот игра голема улога за должината на животниот век на имплантот. Доколку коронките се лошо изработени, а силата на загризување не е добро избалансирана, и најдобро поставениот имплант нема да може да го исполни максималниот животен век.

Придобивки

Имплантите носат многу придобивки:

  • Ја враќаат насмевката на лицата на пациентите
  • Го подобруваат изгледот на забите
  • Пружаат целосен комфор во устата
  • Со нив подобро се говори
  • Со нив подобро се јаде, при што пациентите се исхрануваат подобро и повеќе уживаат во храната
  • Ја зголемуваат самодовербата

Имплантите се исто така навистина добра сопствена инвестиција. Добивате заби кои ќе ги имате 24 часа на ден, 7 дена во неделата, 52 недели во годината и најверојатно многу, многу години во животот.

Трошоци:

Трошоците варираат во зависност од стоматолошката ординација која ќе ја одберете. Хирургот со поголемо искуство на ова поле наплаќа повисоки цени.
Вкупната цена на процесот на имплантирањето ја сочинува:

  • Цена за хируршкиот зафат за поставување на титаниум имплант.
  • Цената на абутментот ( надградбата на имплантот)
  • Порцеланската Коронката која се поставува на абутментот треба да има своја засебна цена.

Треба да се запомни дека може да се постават повеќе имплантати И повеќе коронки.

Можат да постојат и други додатни трошоци, како на пример синтетичкиот материјал кој се употребува за надоградба на коската при хируршкиот зафат во првата фаза.