|
||||||||||
|
||||||||||
Хируршки зафати на мекото ткиво |
||||||||||
|
Дадени стоматолошки процедури подразбираат хируршки зафат на меките ткива во устата (најчесто непцата). Во овие зафати спаѓаат: редефинирање на непцето (гингивопластика), отстранување на непцето (гингивектомија) и отстранување на ткивото кое ги поврзува усната, непцето и/или јазикот со долниот дел од усната празнина (френектомија). Гингивопластика - редефинирање на непцетоКај некои луѓе непцето не расте на соодветното место, особено доколку трајните заби не растат плански. Во овие случаи непцата понекогаш растат до тој степен што ја покриваат целата горна третина од забите. На овој начин при насмевнувањето се гледаат највеќе непцата, а помалку забите. Корекцијата е една од наједноставните процедури во естетската стоматологија. Забите и непцата се анестезираат со локален анестетик, а потоа стоматологот ги израмнува/ редефинира непцата и на тој начин се издолжува појавата на забите. ГингивектомијаЗдравите непца се важен дел од личната појава. Но, понекогаш непцата растат по површината на забот, при што насмевката се нагрдува и луѓето често се срамат или им се нарушува самодовербата. Гингивектомијата е хируршка процедура со која се отстранува мал дел од непцето околу забот или забите. Најчесто се користи за редефинирање на непцата и добивање на поубава насмевка, но има своја примена и во случаи кога треба да се отстрани заболен заб или да се постави пломба. И гингивектомијата е релативно едноставна хируршка процедура. Стоматологот прави мал засек, а потоа го отстранува одвишокот на ткиво со посебен инструмент. ФренектомијаФренулум е ткивото кое ги поврзува подвижната усна или образот со непцето. Се случува да го попречува нормалното подредување на забите или да го повлекува непцето. Хируршкиот зафат кој што е решение за овој проблем се нарекува френектомија. Доколку не се лекува, состојбата може да резултира во повлекување на непцата. Кај одредени пациенти френектомијата се извршува заради затворање на празнината ( дијастемата) меѓу предните заби. Лингвалната френектомија подразбира отстранување на френулумот под јазикот. Најчесто се препорачува за пациентите кои имаат краток и затегнат френулум, поради што тешко изговараат одредени звуци и букви. Традиционални третманиТрадиционалните третмани на овие состојби подразбираат мали хируршки зафати за да се отстрани непотребното ткиво. Зафатот се врши со скалпел и локална анестезија, при што доаѓа до крварење, за чие целосно заздравување се потребни две недели. Ласерски третманЛасерскиот третман ја елиминира потребата од зашивање и употреба на скалпел. Бидејќи ласерот го подгорува ткивото, процедурата е безболна и нема крварење. Додатно на тоа, третманот и периодот на заздравување се навистина пократки. Фотона стоматолошкиот ласер е одличен за сите третмани на меките ткива. |
||||||||||