Што е естетска стоматологија?
Луѓето ја забележуваат убавата насмевка. Таа е без сомнеж најважната алатка за социјализација со луѓето. Насмевката е централниот елемент во комуницирањето, а кога таа блеска, луѓето зрачат со самодоверба, задоволство и среќа.
Денешните напреднати постапки на естетската стоматологија можат да ја претворат Вашата насмевка во прекрасна, бела, правилна ниска на заби. Еве што се може да стори естетската стоматологија за Вас:
• Да ги затвори процепите помеѓу забите
• Да ги избели сите флеки и промени на бојата на забите
• Да ги поправи поткршените и истрошените заби
• Да ја поправи неправилната низа на забите
• Да ја продолжи или скрати должината на забите кои отстапуваат од низата
• Да ги надополни забите кои недостигаат во низата
• Да ги замени старите метални пломби на забите
Естетската стоматологија покрива мноштво на постапки кои ја подобруваат убавината и здравјето на Вашата насмевка.
Дали ми треба естетска стоматологија?
Доколку сте незадоволни од својата насмевка, тогаш сте зрел кандидат за естетска стоматологија.
Запрашајте се:
Дали се смеете со затворена уста или со раката преку уста, за да не можат другите да Ви ги видат забите?
Дали се чуствувате незгодно поради изгледот или бојата на вашите заби?
Дали избегнувате да се смеете затоа што не сакате да ги покажете забите?
Дали имате метални пломби на задните заби?
Доколку одговоривте со потврден одговор на било кое од горенаведените прашања, можеби сте кандидат за естетската стоматологија. Всушност, секој кој не е задоволен од изгледот на својата насмевка е кандидат за естетска стоматологија.
Убавата насмевка може да Ви го промени живот; може да прави да изгледате и да се чуствувате помлади, поатрактивни и да Ви ја зголеми самодовербата.
Кои се опциите кои ми се нудат?
Денешните процедури во естетската стоматологија даваат брз и лесен пат до прекрасна и здрава насмевка... сјајна, бела насмевка и рамномерна, правилна ниска на заби. Подготвени сме да ги земемеме в предвид сите грижи, надежи и соништа кои ги имате, со цел да ја создадеме перфектната насмевка која ја барате.
Во зависност од тоа каква сакате да Ви биде насмевката, ние вршиме процени и развиваме план за третман за да се постигнат резултатите кои ги посакувате. Третманот може да вклучи:
• Разубавување на насмевката - ламинати
• Порцелански коронки
• Избелување на забите
• Пломби во боја на забите/не-метални пломби
• Мостови и коронки
Што се може да стори естетската стоматологија?
Доколку сметате дека имате неправилна насмевка, тогаш замислете каква разлика ќе направи прекрасната насмевка; не само во физичкиот изглед, туку и во целиот Ваш живот, воопшто. Ќе се чуствувате поатрактивни, успешни, цврсти, полни со енергија...
Со поубава насмевка ќе почуствувате поголема самодоверба од било кога во животот, што може да има големо влијание на Вашиот личен и професионален живот. Убавата насмевка ја поттикнува и надворешната и внатрешната убавина.
Разубавување на насмевката
Секој сака да има убава насмевка. Тоа е најчесто првото нешто што се забележува кај луѓето. Неубавата насмевка најчесто ги одвраќа луѓето, додека прекрасната укажува на Вашето општо здравје и среќа.
За жал, опаѓањето на забите, флеките, мутацијата на бојата, дури и нивното мало поместување како резултат на стареењето се неизбежни. Сите овие недостатоци можат да допринесат да се чуствувате несигурно кога се насмевнувате. Разубавувањето на насмевката вклучува поправка на поткршени, напукнати или обезбоени заби, поправка на загризот и враќање на мускулите во нормална положба. Разубавувањето може да вклучи било каква комбинација на порцелански навлаки, бели пломби, корони, мостови или избелување на забите.
Порцелански коронки
Дали Ви се забите обезбоени? Дали имате поткршени или напукнати заби? Доколку е ова точно, порцеланските коронки се можеби токму она што Ви е потребно. Тие се најчесто употребувани во естетската стоматологија.
Порцеланските коронки се прават во согласност со формата на Вашите заби, а потоа се ставаат и хемиски се поврзуваат. Тие ги прекриваат грдите поткршувања и пукнатини, како и неправилните и искривени заби, а изгледаат толку природно што е скоро невозможно да се разликуваат од природните заби.
Доколу размислувате за порцелански коронки, јавете се што е можно побрзо кај нас за да закажете почетна консултација.
Избелување на забите
Дали сте забележале дека како што стареете, така и Вашите заби го губат сјајот? Иако диколорацијата се забрзува со пушењето, кафето, слатките, газираните напитоци и други слични посластици, природната дисколорација најчесто се забележува кон средината или крајот на втората деценија од животот.
Едноставното избелување на забите може да донесе драматично подобрување на надворешниот изглед и самодовербата, додека во исто време е и навистина погодно, бидејќи може да се направи дома или во ординација. Доколу размислувате за избелување на забите , јавете се што е можно побрзо кај нас за да закажете почетна консултација.
Пломби во боја на забите/не-метални пломби
Дали се чуствувате непријатно поради златната боја или можеби сребрената или, пак, сивата боја на пломбите на вашите заби? Дали некои од пломбите кои ги имате се поцрнети? Мислите ли дека тоа е првото нешто што се гледа кога зборувате или се смеете? Не грижете се, не сте единствените, а сето тоа може да се поправи.
Белите пломби, кои се исто така познати и како порцелански или композитни пломби, посебно се направени за да одговараат на бојата на Вашите заби. Тие се користат за да се поправат забите или да се пополни нерамнините. Пломбите исто така можат да се користат за замена или поправка на старите амалгамски пломби. Порцеланските пломби стануваат есенцијален дел од забот.
Белите пломби не содржат жива. Порцеланските пломби се приспособуваат на формата на Вашите заби и даваат природен изглед, при што преодот помеѓу пломбата и забот е скоро незабележлив. Белите пломби се најдобрата издржлива замена за сребрените пломби.
Доколку имате заб кој треба да се поправи или, пак, стара амалгамска пломба која треба да се замени, белите пломби се токму тоа што Ви треба за перфектна насмевка.
Мостови и коронки
Ресторативната стоматологија вклучува употреба на коронки и мостови за реставрација на засебни оштетени заби, додека мостовите се користат за да се замени еден или повеќе заби. Коронките и мостовите можат да ја поправат формата и функцијата на Вашите заби.
Коронки
Коронката е задолжителна, доколку забот е оштетен до тој степен да не може да држи пломба. Таа функционира и изгледа исто како природните заби. Доколку забот е истрошен, пукнат или во опасност од пукнување, порцеланската коронка е можното решение на проблемот. Коронките се прават според формата на забот; го покриваат целосно, лежат пријатно на непцето и го заштитуваат забот од понатамошно оштетување.
Коронките ги зајакнуваат и заштитуваат забите, а воедно и ја подобруваат насмевката.
Мостови
Празнините од извадените заби не се само грда појава, туку можат и да предизвикаат сериозни проблеми. Доколку се извадении еден или повеќе заби од низата, останатите заби можат да почнат да се изместуваат од правилната положба. Ова води до измена на загризот, губење и на други заби и болести на непцата. Доколку веќе се соочувате со било кој од наведените проблеми, можеби треба да размислите за мостови.
Мостот е група на поврзани коронки. Се користи за да се стабилизира загризот, или доколку постојат празнини од изваден заб или заби. Мостот заштитува од понатамошно оштетување на забите и непцата, а во исто време ја разубавува и насмевката.
Доколку размислувате за опцијата коронка или мост, Ве молиме контактирајте не на веднаш за да договориме првична консултација
|