|
||||||||||
|
||||||||||
Ендодoнтски третман на забите |
||||||||||
Структура на заботЗабот се состои од три основни структури и два дела. Во структурите спаѓаат: забната глеѓ (тврдата површина на забот), дентинот (жолтеникаво ткиво кое е поцврсто од коската, но помеко од глеѓта) и забната пулпа. Забната пулпа е најмекиот дел од забот и ги содржи сите крвни задови и нерви потребни за здравјето на забот. (ендодонцијата е стоматолошка гранка која е специјализирана за лекување на пулпата). Двата делови на забот се коронката (делот од забот над границата со непцето) и коренот на забот (делот од забот под границата со непцето). Длабоките пукнатини или накршувања на забот им овозможуваат на бактериите да навлезат преку глеѓта и дентинот, во пулпата. На тој начин доаѓа до инфекција на пулпата и нервите во забот, при што резултатот е апцес, болка и зголемена чуствителност. Доколку не се лекува, инфекцијата ќе се прошири, коската околу забот ќе почне да се распаѓа, а забот може на крајот да се отпадне. Традиционален третманТрадиционалниот третман подразбира механичко отстранување на заболениот дел, минување низ коронката за да се дојде до комората на пулпата. Во внатрешноста на забот се поставува специјален инструмент со кој се отстранува инфекцијата и внатрешноста на пулпата. Потоа, каналите се чистат од бактерии и стерилизираат со посебна течност. Со помош на специјални турпии се зголемуваат и оформуваат каналите, за да можат потоа да се исполнат и запечатат со конуси од материјал сличен на гума, кој е наречен гутаперка. Со истиот материјал се исполнува и внатрешноста на комората на пулпата. Кавитетот во коронката се затвора со пломба. Ласерски третманЕдна од предностите на ласерскиот третман за оваа намена е неговата брзина. Топлината од ласерот ефикасно ги чисти и стерилизира каналите, при што се скратуваат посетите во ординацијата за лечење. Третманот е скоро ист како конвенционалниот,со исклучок на тоа што, откако ќе се продупчи коронката на забот, на главата на ласерот се поставуваат подолги врвови, за да може да достигнат во каналите и целосно да ја отстранат содржината на пуплата. Штом ќе се заврши оваа процедура, се прават привремена, а потоа трајна пломба. Уште една предност на овој третман е што периодот на заздравување е исто така пократок. |
||||||||||