|
||||||||||
|
||||||||||
Ендодонција |
||||||||||
Што е ендодонција?
Втората слика прикажува како кариесот се развива. Доколку не се лекува, тој го уништува тврдото ткиво на забот, а потоа и пулпата. Доколку се лекува во почетната фаза (слика 1), проблемот се решава со мала пломба. Но, доколку проблемот се занемари и кариесот слободно се развива, како на слика 2, лекувањето предвидува третман на каналите на коренот. Доколку пулпата е оштетена, има рана на неа или не е во можност да се регенерира сама по себе, таа се инфицира. Ако не се лекува, таа станува некротична. гној се таложи околу врвот на коренот и се создава абцес, кој може да уништи коската околу забот. Ендодонтскиот третман предвидува отстранување на заболеното ткиво на пулпата. На овој начин му се овозможува на имуниот систем да ја поправи штетата предизвикана од инфекцијата. Третманот на забот ги содржи следниве чекори:
Ласерска ендодонтска терапијаНовитет во современата стоматологија е третман на каналот на коренот со Диоден ласер; третман кој нуди нови придобивки на пациентите. Овој нов систем го намалува стравот од зафатот и го подобрува општиот став на пациентите кон стоматологијата. Ласерот користи специјални влакна со различен дијаметар и должина, кои овозможуваат пристап за ефикасно отстранување на ткива од пулпата и забот од ѕидовите на каналите на коренот, а потоа се користат и при подготовка на каналите за нивно затворање. Нашето досегашно искуство со Диодниот ласер покажа дека најголемата придобивка која оваа револуционерна технологија ја нуди е едноставноста во користењето и комфорот кој пациентите го уживаат за време на и после третманот. Пациентите кои се лекуваат со овој третман имаат помала потреба од лекови за смирување на болка. Во некои случаи нема воопшто потреба од овој вид на лекови. Понатаму, третманот нуди намален ризик од постоперативните компликации, како што се воспалението, отокот и болката. Додатно на сето ова, третманот овозможува терапија на каналот на коренот без употреба на анестезија. Ласерот има антибактериско дејство, при што се овозможува помала употреба на антибиотици кои се препишуваат постоперативно. Сите горенаведени фактори помагаат пациентите да завземат подобар став кон стоматологијата. Ендодонтското лекување на забите може да се работи независно од возраста, а се со цел спасување на забот или забите. Компликациите кои можат да се случат во текот на лекувањето ( кршење на игла, пробивање на коренот, потемнување на забот и сл...) денес се сведени на минимум заради користењето на најнова технологија,лекарства и внимателна работа од страна на стоматологот. |
||||||||||