|
Систематско лекување на млечни и млади трајни заби
ЧУВАЈТЕ ГИ ЗАБИТЕ НА ВАШИТЕ ДЕЦА, ЌЕ ВИ БИДАТ БЛАГОДАРНИ
КАРИЕСОТ претставува заболување кое се манифестира со локализирана деструкција на забното ткиво.Во сите развиени земји на светот процентот на кариес е толку намален да скоро и го нема. Иако кај нас тоа не е случај, со правилна грижа можеме своите деца да ги заштитиме од кариесот.
За да го спречиме кариесот мораме:
- Правилно да ги миеме забите:
Сосема е доволно забите да се мијат два пати дневно (наутро и навечер пред спиење), под услов тоа да е правилно. Четката за заби треба да биде изработена од пластични влакна , а пастата мора да садржи флуор. Многу е битно да не ја намокриме четката пред миењето на забите. Пастата секогаш се нанесува на сува четка, бидејќи со нејзиното мокрење ја губиме цврстината на влакната, а тоа влијае на квалитетот на миењето на забите. Со четката исчеткуваме од непцата кон врвовите на забите. Горните заби ги миеме од горе према доле, а долните обратно. При секое миење овие движења мораме најмалку шест пати да ги повториме, или целото миење на забите да трае помеѓу 2 до 5 минути. Бидејќи површините помеѓу забите тешко се мијат мораме да користиме забен конец. Бидејќи децата потешко се снаоѓаат сами, родителите се тие кои треба да им помагаат и да ги научат правилно да си ги мијат забите. Се смета дека секое дете е спремно самостојно да си ги мие забите без надзор од родител околу 12 година.
ПРАВИЛНО МИЕЊЕ НА ЗАБИТЕ
- Да имаме правилна исхрана
Треба да се намали внесот на шеќери во организмот, однодно најважно е да се одбегнуваат грицките, бидејќи на тој начин на бактериите кои се во устата им правиме постојан дотур на храна. Тие се размножуваат и можат да предизвикаат кариес. Повеќето од родителите на своите деца пред спиење им даваат млеко или сок од шишенце со цуцла. На тој начин допринесуваат да се зголеми ризикот од појава на кариес кој се вика циркуларен кариес. Затоа штом пред спиење ќе се измијат забите, веќе не смееме ништо да ставаме во уста.
- Да им даваме флуор на децата
Флуорот на повеќе начини го спречува кариесот
1) Кариесот претставува деминерализација на забното ткиво (губење на минералите од глеѓта ). Флуор не само што ја спречува деминерализацијата, туку ја активира реминерализацијата однодно депонирањето на нови минерали во забите. Тоа значи дека кариесот во најраната фаза може да се спречи и лекува со апликација на флуор.
2) Флуорот се вградува во ткивото на забот и на тој начин станува поцвст и поотпорен на дејството на бактерии.
3) Бактериите го оштетуваат забот на тој начин што ги разградуваат шеќерите и создаваат кисела средина која доведува до деминерализација на забното ткиво. Флуорот го инактивира ензимот енолаза кој на бактериите им е неопходен за раградување на шеќерите.
Како и во која количина да се дава флуор?
Флуор е најдобро на децата да им се дава во облик на таблети. На тај начин се постигнува редукција на кариесот до 80%.
Светската Здравствена Организација ги препорачува следниве дози на флуор кај децата:
Конц. на флуор во водата за пиење |
Дневна доза на флуор (мг)
деца 6 мес.-2год. |
Дневна доза на флуор (мг)
деца 2-4 год. |
Дневна доза на флуор (мг)
деца 4-16 год. |
помалку од 0,3 мг/л |
0,25 |
0,5 |
1,0 |
0,3-0,7мг/л |
0 |
0,25 |
0,5 |
над 0,7 мг/л |
0 |
0 |
0 |
Трудниците треба да земаат флуор од четвртиот месец од бременоста по 1мг дневно.
Локална апликација на флуор се прави со пасти со висока концентрација на флуор (2% NaF и 8% станофлуорид). 2% NaF се аплицира еднаш неделно во траење од три минути, четири недели поред и тоа во 3., 7, 14. и 17 година. Станофлуоридот се користи еднаш во шест месеци во траење од четири минути во истите години. На овај начин се постигнува редукција на кариесот до 30%.
Флуорот може да се зема и во облик на водичка за испирање на устата.
Со 0,3% NaF устата се испира два пати неделно во траење од неколку минути, а ако користиме 0,05% NaF тогаш се испира секојдневно. Во двата случаја редукцијата на кариесот е за 30-40%.
Залевање на фисурите
Првите стални заби детето ги добива помеѓу 6. и 7. година. Процентот на кариес на тие заби кај целокупната популација е огромен. Со разни истражувања е докажано дека ако кариесот не се појави на трајните молари во првите две години по никнувањето, тој никогаш нема да се појави доколку се одржува редовна и темелна хигиена.
За да се спречи кариесот и да се сочуваат забите неопходно е да се носат децата на редовни контроли на стоматолог и да се изврши залевање на фисурите.
Фисурите се бразди кои се наоѓаат на гризната површина на забите и претставуваат најпогодно место за појава на кариес. Со нивно залевање со помош на специјални материјали на база на флоур се оневозможува појава на кариес.
Флуор
Флуорот е природен елемент кој се наоѓа во многу нешта, како што се водата што ја пиеме и храната што ја јадеме. Пред повеќе децении, научниците забележаа дека во местата каде флуорот природно постои во водата, децата се справуваат со помала појава на кариес.
Флуорот што телото го апсорбира го користат клетките кои ги изградуваат забите, за да ја направат забната глеѓ поцврста. Локалниот флуор, т.е. оној кој се нанесува надворешно врз забната глеѓ, создава кристали, кои пак создаваат потрајна глеѓ. Кристалите од забната глеѓ кои содржат флуор се поотпорни на киселина и помала е можноста дека ќе се разложат и предизвикаат површината на забот да стане порозна.
Доколку стоматологот ти препорача третман со флуор, тоа значи дека тој ќе ти биде аплициран локално. Овој флуор ќе им помогне на кристалите да ја зајакнат глеѓта на твоите заби. Секогаш користи паста за заби со флуор.
Што претставува средството за пополнување вдлабнатини и пукнатини( залевање на фисури )?
Како се нанесува?
Површината на забите, која ја користиме за џвакање, не е рамна и изгладена. Исполнета е со мали брегови и долини кои се наречени вдлабнатини и пукнатини. Овие места се сигурно скривалиште за плакот, бидејќи не можат да се исчистат доволно со четкичката или конецот за заби. Некои од вдлабнатините и пукнатините се толку тесни, што дури ни влакното од четкичката не може да навлезе во нив за да ги исчисти.
Еден од начините да се спечи појава на кариес на овие места е тие да се затворат со специјален лак, кој се нарекува средство за пополнување на вдлабнатини и пукнатини ( залевање на фисури ). Доколку стоматологот заклучи дека, за да се заштитат забите од кариес, ти е потребен еден ваков третман, тој или таа најпрво ќе превземе неколку посебни чекори за да ти ги подготви забите за претстојниот третман. Забот најпрво се чисти, а потоа се нанесува раствор од слаба киселина, кој ќе ја редира површината на забот и на тој начин ќе овозможи средството полесно да се сврзе со неа. Целата процедура е брза и безболна. Од голема важност е, за време на целосната процедура, површината на која се работи да е сува и до неа да не дојде плунката. Во спротивно средството за пополнување може да не се сврзе соодветно со површината на забот. Штом ова се заврши, стоматологот го нанесува средството за пополнување вез вдлабнатините и пукнатините на забот. Со помош на специјална светлина, средството се суши и е подготвено за употреба.
Од што е направен конецот за заби?
Како функционира?
Плакот од површината на забите не се отстранува во целост само со четкање на забите со четкичка за заби. Четкичката за заби не подстигнува до површината на забите на местата каде тие се допираат еден до друг и под границата на непцето, а плакот може да се наталожи. Овие места се повеќе подложни на кариес. Секојдневно чистење на забите со конец и редовните посети на стоматолог се единствените ефикасни начини за отстранување на плакот.
Факти:
Знаете ли дека околу 35% од површината на забите останува нечиста, доколку не ги чистите со конец? Конецот за чистење забите е направен од влакна (најчесто од најлон), кој потоа се намотува на калем. Доколку не си сигурен како да се користиш со конецот, прашај ги родителите или стоматологот.
5 ЧЕКОРИ ДО ЗДРАВА НАСМЕВКА

НЕ ЧЕКАЈ ДА СТАНЕ ПРЕДОЦНА
Редовно посетувај ја стоматолошката ординација за преглед и чистење на забите. Стоматологот може да ги увиди сите скриени проблеми кои ние не можеме да ги видиме. |

КОНЕЦОТ Е НАЈКУЛ
Чисти ги забите со конец еднаш во денот. На тој начин ќе ги исчистиш и оние места каде не достигнува четкичката за заби. |

ВНИМАВАЈ ШТО ЈАДЕШ И ПИЕШ
Важно е да имаш добро избалансиран начин на исхрана и да избегнуваш прекумерно грицкање помеѓу оброците - особено лепливи и слатки нешта како бонбоните. |

БИДИ ВНИМАТЕЛЕН СО НЕПЦАТА
Редовно прегледувај ги непцата пред огледало. На овој начин ќе можеш да ги забележиш знаците за болест на непцата. Доколку непцата ти се натечени, црвени, осетливи или, пак, крварат и здивот ти мириса лошо, веднаш закажи преглед кај стоматологот. |

ПОТРЕБНИ СЕ НЕКОЛКУ МИНУТИ ПЛУС ЗА УБАВА НАСМЕВКА
Барем еднаш во денот внимателно исчеткај ги забите. Запомни, за добро четкање се потребни од 2,5 до 3 минути. |
|