|
||||||||||
|
||||||||||
Брекети |
||||||||||
Метални протези
Металните протези се состојат од метални жици и метални брекети. Брекетите се лепат за забите. Жицата се оформува во форма во согласност со забите и потоа се ниже низ брекетите. Жицата по природен пат се обидува да се врати во својата првобитна форма и на тој начин врши притисок врз забите да се поместат и тие исто така. Жиците се затегаат во период од 4 до 6 недели. Убавата насмевка е резултат после две или две години и половина (иако овој период варира, во зависност од проблемот). По вадењето на протезите, во периодот од следните шест месеци до една година, најчесто се носи ретеинер за да се избегне враќање на забите во неправилната положба и да се задржи убавата насмевка. Иако децата и адолесцентите се најчестите пациенти кои носат протези, бидејќи на нивна возраст коските сéуште растат, при што е полесно да се поместуваат забите и вилиците во правилна положба, протезите можат да се носат на било која возраст. Доколку мислите дека сте (Вие или Вашето дете) кандидат за протези, обратете ни се и ќе Ви препорачаме соодветен ортодонтски третман. Протезите се понекогаш неудобни. Во почетокот брекетите ја иритираат внатрешноста на усните (иако ќе се навикнете на нив за неколку дена). Протезите бараат посебно четкање и чистење со конец, бидејќи храната се таложи околу брекетите и овозможува размножување на бактерии и лош здив. Исто така, протезите понекогаш задаваат болка, особено веднаш после затегнување на жиците. И оваа болка исчезнува после ден-два. Забележете само колку многу луѓе во медиумите и околу Вас имаат носено протези. Нивните прави и прекрасни насмевки треба да Ве мотивираат да се придржувате на третманот. За разлика од другите видови протези, како што се невидливите протези, металните протези се погодни за лекување на скоро сите можни ортодонтски проблеми (иако понекогаш, во одредени покомплицирани случаи, се употребуват заедно со други процедури, акко што се вадење на забите или процедури врз периодонтот). Најголемата одбивност кај овие протези е фактот што се навистина забележливи. За среќа, потребата да се носат може да се зачини со малку забава. Младите можат „железните насмевки“ да ги развеселат со ластичиња во боја. Бојата на Ластичињата може да се прилагоди според расположението или настаните (пр. црвени и бели за денот на вљубените или црвени и зелени за Божиќ). Ластичињата можат да се заменат при секоја посета и на тој начин да овозможат нов изглед на устата секој месец. Но, доколку навистина не можете да се справите со помислата на „железна насмевка“, разговарајте со ортодонтот и за другите можни решенија, како што се порцеланските протези. За
- Металните брекети се најчесто најевтиното решение од палетата на протези. Против - Повеќе се забележливи за разлика од порцеланските или невидливите протези (добро познатата „метална уста“) Порцелански брекети
Лигатурите (малите ластичиња) кои ги поврзауваат жицата и порцеланските брекети се најчесто бели или безбојни. Одпрво овој факт изгледа одлично, но секогаш постои можност ластичињата да ја променат бојата . Доколку не јадете премногу кари, премногу пушите или пиете големи количини кафе, Вашите протези нема да ја променат бојата. Запомнете дека стоматологот ги менува ластичињата секој пат кога прави корекција на протезата, што е најчесто еднаш месечно. Протезите не оставаат дамки по носењето; ова својство го имаат само ластичињата. Предности Овие протези се слеваат со бојата на забите, особено кога се бели. Помалку се забележливи на фотографии и гледани од далеку. Одредени пациенти велат дека се повеќе удобни од металните и помалку ги иритираат непцата. Спротивно на она што го имате слушнато, порцеланските брекети не се кршат често и не испаѓаат од забите. Напротив, јаки се и се прикачуваат со плазма светло, при што цврсто се држат за забите, исто како и металните протези. Недостатоци Безбојните или бели ластичиња (кои ги поврзуваат жицата и брекетите) понекогаш попримаат боја, при што се нарушува естетскиот изглед на целата протеза. Но, сепак, ластичињата се менуваат секој месец, при корекција на протезите. Порцеланските брекети се најчесто поскапи од вообичаените метални протези. Порцеланските брекети не се користат во голем дел од сериозните случаи, бидејќи ја немаат потребната јачина за да ги издржат сите противсили кои се јавуваат во одредени третмани. |
||||||||||