|
||||||||||
|
||||||||||
Болести на непцата |
||||||||||
|
Периоденталните болести се всушност бактериски инфекции на непцата, коската и лигаментите кои им даваат поддршка на забите и ги прицврстуваат за вилицата. Бактерииите во устата создаваат наслага која се прицврстува на забите. Произведуваат токсини кои го стимулираат имуниот систем да се спротистави на инфекцијата. Доколку болеста не се спречи, ќе продолжи уништувањето на потпорните структури на забите, а потоа може да дојде и загуба на забот. Повеќе од половина од населението постаро до 18 години и 75% од населението до 35та година има некоја форма на периодонтитис. ГингивитисГингивитисот е почетна фаза на периодонтитис, во која доаѓа до инфекција на ткивото на непцата. Непцата стануваат црвени и натечени и лесно крварат. Коскените ткива кои лежат под непцата се сéуште вон опасност од инфекција. ПериодонтитисПериодонтитисот се јавува во повеќе фази: благ, умерен или тежок, во зависност од степенот на уништеност на непцата, лигаментите и коските околу забите. Како болеста напредува, непцата се одвојуваат од забите и се формираат џебови, кои се продлабочуваат како што се уништува коскеното ткиво. Со текот на времето, во џебовите се таложат забни наслаги и плак со бактерии. Како што се уништува коската, така забите сé повеќе се олабавуваат. Фактори кои го предизвикуваат периодонтитисот се пушењето, збиеност на забите, трошење на забите (абразија или бруксизам), хормонски промени (вклучувајќи бременост, менструален циклус и менопауза), диети, крвни заболувања, диабетес и одредени видови лекарства. Традиционален третманВо благите случаи на периодонтитис помагаат секојдневните третмани за отстранување плак и орална хигиена. Тука спаѓаат: четкање на забите два пати во денот со флуридна паста за заби, чистење на забите со конец еднаш во денот, балансирана исхрана и редовни посети на стоматолошката ординација на професионално чистење на забите и прегледи. (забелешка: пушењето се наведува како карактеристика на 50% од заболените од периодонтитис). Во умерените и одредени благи случаи, периодонтитисот се лекува со гребење на забите и коренот на забот, за да се исчисти забот и да се отстранат наслагите од калциум од џебовите. Гребењето подразбира отстранување на плакот и другите наслаги (забен камен) од површината на забот, со посебни (рачни) инструменти. Оваа процедура најчесто се врши без локална анестезија. Наслагите од плак и забен камен на површината на коренот ја прават нерамна и поволна за размножување на бактерии. Со гребење на површината на коренот, наслагите се отстрануваат и таа се израмнува. Оваа процедура најчесто се изведува во комбинација со гребење на забите за отстранување на наслаги. После процедурите, непцето се смалува и стега околу забите, бидејќи не повеќе не постојат наслаги кои би предизвикувале иритација. Најчесто е потребен еден третман за чистење на наслагите, иако не се исклучени случаите каде се потребни и два или три третмани. Понекогаш се користи локален анестетик за да се анестезира местото на чистење. Одредени стоматолози претпочитаат ултрасоничка опрема за чистење на забите од наслаги, отколку рачните алатки. Ултрасоничните апарати користат вибрации за да ги изместат и отстранат тврдите наслаги и дамки на површината на забите. Тешките случаи на периодентитис подразбираат хируршки интервенција, за да се отстранат заболените џебови во непцето и заболената коска. За оваа цел непцето се засекува во форма на залисток, кој потоа се остранува за да се изложат заболените делови на коренот и коската. Штом ќе се отстранат заболените делови, залистокот се зашива и на тој начин му се овозможува на непцето да заздрави и да го обвие забот. Овој хируршки зафат предизвикува крварење и потребна е локална анестезија за да се изврши. Пациентите чуствуваат болка во непцето следните неколку дена после зафатот, додека не заздрави. Често се препишуваат и антибиотици, за да се спречи ризикот од инфекција. Ласерски третманГлавната предност на ласерскиот третман на заболувањата на непцето е тоа што е безболен и нема потреба од додатна апликација на анестезија. Ласерот е попрецизен за хируршки третмани и поволен е за употреба, бидејќи ја коагулира крвта, т.е. го намалува или попречува крварењето при зафатот. Додатно на ова, при употреба за третман на заболувања на непцето (вклучувајќи и периодонтални џебови), ласерот ефикасно ги уништува бактериските микроорганизми кои ослободуваат токсини одговорни за периодонтитисот. На крајот, периодот на заздравување и постоперативните непријатности (натекување и јавување белези) се навистина помали во споредна со оние кај традиционалните методи на лекување. Дали знаете? На површината на секој заб живеат од 1 000 до 1 милион бактерии! |
||||||||||