Почеток Профил Дејност Детски агол Персонал Ние во медиумите Занимливости Локација Контакт English

Ортодонција без вадење на забите

Ортодонцијата без вадење подразбира исправување на забите без вадење или отстранување на трајните заби. Ова е алтернативен третман кој му овозможува на пациентот и покрај исправувањето на забите да ги задржи сите заби.
Многу пати забите се премногу големи за вилицата. Сепак, веруваме дека проблемот не лежи во тоа што забите се премногу големи за вилицата, туку дека вилицата е премногу мала за нив. Оваа состојба најчесто резултира во збивање и испакнување на предните заби - што им се случУва на скоро половина од децата.

Ортодонцијата без вадење помага при корекцијата на збиените (или испакнати) заби со тоа што ја моделира вилицата за да може да се сместат сите трајни заби и ја елиминира потребата од нивно отстранување.

Се користат функционални помагала (ретејнери) за да ја моделира или прошири вилицата кај децата и возрасните и на тој начин создава доволно простор за раст на правите заби.

Третман на сериозни случаи на испакнување без отстранување на забите. Времетраење на целосниот третман: две години. Не е потребно отстранување на заби; резултатот е широка насмевка, подобар загриз, привлечно лице и одлична ретенција.

Атрактивна насмевка

Кога вилиците се доволно развиени за да им овозможат простор на сите трајни заби, насмевката е поубава. Поголема е и повпечатлива... и често поубаво прилега на лицето. Многумина велат дека после третманот насмевката им е најдобриот адут!

Пократок период на носење протези

Колку подолго се носат протезите, толку е поголем ризикот од кариес и белези на забите. Функционалните помагала го завршуваат поголемиот дел од работата во ортодонтскиот третман без вадење на забите. Со ова, времето потребно за носење протези се доведува до минимум. Вака, протезите често се носат помалку од една година.

Одлична ретенција

Развојот или проширувањето на вилицата најчесто се смета дека има трајен ефект, како и кај растот на коската. Секако, за оптимални резултати, ритејнерите мораат да се носат редовно, а навиките кои предизвикуваат несоодветен раст на забите и вилицата треба да се елиминираат.

Четири заби можат да се зачуваат

Четирите мали катници најчесто се отстрануваат пред да се спроведе процедурата за исправување на останатите заби. Процедурите во кои се користи ортодонција без вадење, не условуваат вадење на овие заби. Со овие процедури се овозможува доволно простор каде можат да се сместат овие четири заби, а често се јавува и доволен степен на развој во деловите после моларите, што им овозможува на умниците полесно да изникнат!

Назад