Почеток Профил Дејност Детски агол Персонал Ние во медиумите Занимливости Локација Контакт English

Што претставува белењето на забите

Белењето на забите претставува ефективен начин на осветлување на природната боја на забите без отстранување на делови од нивниот површински слој. Со оваа процедура не се постигнува целосна промена на бојата, туку само осветлување на веќе постоечката.

Зошто да се избелат забите?

Постојат повеќе причини за белење на забите. Бојата на забите кај секого е различна. Со текот на времето таа често се менува. Навистина се ретки се оние кои имаат перфектно бели заби.

Површината на забите ја менува бојата и кога се конзумира одреден вид храна, како што е чајот, кафето, црвеното вино и црната рибизла. Цигарите исто така ја менуваат бојата на забите.

Забниот каменец  исто така влијае на бојата на забите. Кај некои луѓе обезбојувањето се јавува под површината на забите и е резултат од користење одредени антибиотици или од мали пукнатини на забите кои се здобиле со одредена боја.

Што вклучува процедурата на белеење на заби?

Професионалното избелување е најчестата процедура за белење на забите. Најпрво, стоматологот прави проценка дали пациентот може да се подложи на процедурата, а потоа го надгледува процесот. Прв чекор од процедурата е мачкање на непцата со гел или гумена маса за заштита на мекото ткиво. Потоа, се премачкуваат забите со средството за белење .
Состојката во средството на белење, која предизвикува избелување на забите, е најчесто хидроген пероксид или карбамид пероксид. Со разложување на оваа состојка кислородот навлегува во глеѓта на забите и ја осветлува.

Дали ефектот од избелувањето е долготраен?

Ефектите од процедурата на белеење на забите имаат различен век на траење кај секој пациент засебно, но може да постојат до три години. Периодот се намалува доколку пациентот е пушач или конзумира храна и пијалоци кои влијаат на бојата на забите. Секој пациент треба да го консултира стоматологот во врска со ова прашање пред да се започне со процедурата на белењето.

ПРЕД

ПОТОА

Грижа за избелените заби

Новодобиена белина може да се зачува доколку се намали конзумирањето на обоена  храна и пијалоци. Исто така, големо влијание би имало и доколку пациентот престане да пуши.

За добра нега на забите, ги препорачуваме следните нешта:
•           Четкање ги забите два пати во денот со флуоридна паста за заби
•           Конзумирање помалку слатки и благи пијалоци
•           Стоматолошки преглед барем еднаш во годината

Назад