Почеток Профил Дејност Детски агол Персонал Ние во медиумите Занимливости Локација Контакт English

Афти и херпеси

Што се афти?

Афтите (или ранички) се најчесто тркалезни или овални ранички, кои се јавуваат на внатрешната страна од усните или под јазикот. Се јавуваат често, кај 30% - 60% од населението.

Причината за нивната појава е сeуште непозната, но сигурно е дека голема улога имаат наследните фактори. Скоро 40% од заболените имаат фамилијарна историја на лица заболени од афти.

Главните причини за афтите вклучуваат: емотивен стрес и недоволен сон, локална повреда настаната од несакано загризување, недостаток на витамини или други хранливи состојки (особено железо, фолна киселина, витамини Б1, Б2, Б6, Б12 и витамин Ц, менструалниот циклус и одредени јадења (вклучувајќи го и кафето и чоколадото).

Постојат три видови на афти.

Во 80% од случаите станува збор за мали ранички кои се јавуваат зачестено. Големината им варира од 1 - 10 мм во дијаметар и зараснуваат спонтано во рок од 7 - 10 денови. Поголемите ранички кои зачестено се јавуваат се во пресек поголеми од 10 мм и потребни се месеци за да зараснат. Откако ќе зараснат, на местото на раничката останува белег. Херпесните ранички имаат големина на врвот од игла и се јавуваат во групи. Најчесто се јавуваат на јазикот, а лекувањето може да потрае и до еден месец. Најчесто се јавуваат во групи од 2 - 10, иако нивниот број може да порасне и до 100.

Сите видови афти, особено големите, се пропратени со болка, особено доколку дојде до иритација со храна.

Што е херпес?

Херпес симплекс вирусот (ХСВ) е честа појава, при што се јавуваат болни плускавци и ранички на разни делови од телото. Сепак, најчесто место каде се јавува е пределот околу устата и гениталиите. Постојат два вида на херпес: тип 1 и тип 2.

Херпес сиплекс тип 1 (херпес лабиали): се проценува дека од 60% - 95% од населението е заразено со ХСВ-1, ако само 10% - 30% од заболените развиваат орално-фацијални инфекции со зачестена појава. Најчесто луѓето се заразуваат во детството, при контакт со лица носители на вирусот. Вирусот се пренесува преку бакнеж или преку користење со исти чаши, прибор за јадење или пешкир со инфицирани лица.

Главниот симптом на ХСВ-1 е појавата на плускавци исполнети со течност во пределот на устата и носот. Болат и чешаат. Нивното јавување може да е пропратено со грозница, главоболка, болки во мускулите и замор.

Најчесто, плускавците сами исчезнуваат во период од десет денови, но вирусот останува прикриен во телото, помеѓу грстовите нервни клетки, сe додека не се создадат услови да се активира повторно. Фактори за повторно избивање на вирусот се: болест, стрес, замор и менструален циклус.

Луѓето најчесто можат да почуствуваат кога херпесот се подготвува да избие, бидејќи чуствуваат јадеж или боцкање на местото. ( продромален период) Во оваа фаза лицето е особено заразно.

Традиционални третмани

Не постои лек за афтите. Третманот се состои од разни лекови за намалување на болката и непријатното чувство и забрзување на процесот на заздравување. Во овие лекови спаѓаат: гелови за локална анестезија за да се намали болката, анти-бактериски водички за испирање на устата, креми за заштита, а во екстремните случаи докторите препишуваат локални кортикостероиди.

Ласерски третман

Студиите укажуваат дека пациентите кои се подложиле на ласерски третман на афтите искусиле брзо намалување на болката, побрз период на заздравување и помала зачестеност на јавување на афтите во иднина.

Ласерскиот третман на ХСВ-1 има подеднакво значаен ефект. Доколку ласерскиот третман се изврши за преме на продромалниот период, скоро сите пациенти заздравуваат во период од 48 часа. Третманот извршен во подоцнежните фази (кога веќе се имаат јавено плускавци или постои коричка) допринесува за целосно залекување во рок од 48 часа кај 90% од пациентите, а 100% од пациентите целосно се излечени за 4 дена. Во најголемиот дел од случаите се потребни 2 - 4 третмани. Студиите покажуваат дека кај овие пациенти херпесот се јавува помалку во иднина.

Назад